Хорнер не го сака новиот план за развој на аеродинамиката

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека не го сака новиот хендикеп систем на развојот во однос на аеродинамиката на болидот кој смета дека може да донесе последици во спортот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шефовите на Формула 1 сакаат да воведат ограничување врз работата на аеродинамиката за следната тркачка сезона, а новиот систем значи дека поуспшните екипи ќе добијат помалку дозволено време за работа пред компјутерите и во воздушниот тунел одошто оние кои завршиле последни.

Од следната година екипи ќе може да ги развиваат новиоте болиди за целосно новите правила кои ќе стапат на сила од 2022 година, а екипата која ќе победи оваа годинава ќе може да добие 90% од дозволеното време за развој, додека последниот ќе може да добие до 115% од дозволеното време.

ќе се воведе ограничување на трошењето, а сега, дополнително, се воведува и ограниување на развојот на аеродинамиката. ограничувањето на работата е линеарно ограниена помеѓу првиот и последниот и не ги изолира првите три екипи. така е како што е, мораме да видиме како ќе работи и што ќе донесе.

сепак, може да биде доста значајно во година кога правилата за следната ќе бидат сосема нови и никој не зне до каде ќе бидеме – смета хорнер.

Кристијан верува дека постои иронија помеѓу фактот што се охрабруваат екипите да трошат повеќе со тоа што им се дава повеќе време за тест, а главно се работи на тоа да се намали трошењето од сите.

им се дава повеќе време за развој на послабите за да стигнат, а знаеме дека развојот и тестовите носат големи трошоци. во исто време се ограничува нивото на буџетите што значи дека малите екипи кои до сега трошеле под ограничувањрто, се стимулираат да трошат повеќе согласно дозволеното време за тест. ќе биде интересно да се види како ова правило во пракса ќе работи.

Хорнер не очекува се да се сведе на парите затоа што и покрај ограничувањата, тој смета дека најдобрите ќе останат најдобри.

дури и во серија со идентична опрема, се сеќавам дека арден ред бул во формула 3000 неколку години со идентични болиди успеваа да победуваат три сезони по  ред затоа што се е до луѓето, возачите, начинот на работиа и примената на правилата.

НАЈНОВО

🎥 Норис не се обидел да ги измами тестовите со шише ладна вода

Од Мекларен истакнаа дека видеото на кое се гледа Ландо Норис и неговиот тренер како користат шишиња со ладна вода за да...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...