0 ден

Нема производи во кошничката.

Хорнер призна: Бразил беше наша грешка

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, призна дека несогласувањето помеѓу Макс Верстапен и Серхио Перез на Бразилското Гранд При било грешка тимот кој воведе тимски наредби.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Холанѓанецот ја имаше освоено својата втора титула, така што фокусот на Интерлагос беше да се обезбеди второто место во возачкиот шампионат за Серхио Перез. Поради тоа, тие најпрво му наложија на мексиканецот да го пропушти Макс, а откако холанѓанецот не напредуваше дополнително, побараа од него да му ја врати позицијата.

На крајот од сезоната, Перез го загуби второто место во шампионатот од ривалот од Ферари, Шарл Леклер, така што неиспочитуваните тимски наредби од Сао Паоло беа најголема грешка на “биковите“ лани.

мислам дека клучн причина на проблемот беше што не ја предвдовме таа ситуација во последниот круг додека се возевме на 6то и 7мо места на таа трка – призна хорнер.

не предвидовме нешто такви, не го разговаравме пред трката и мислам дека направивме грешка. требаше потемелно да размислиме и да ги покриеме сите можни сценарија.

мислам дека направивме грешка како тим што немавме јасен план што во таква ситуација. беше несреќна околност.

Хорнер посочи дека нема долготрајни последици од недоразбирањето на Интерлагос, иако падокот зборуваше дека несогласувањата помеѓу возачите на тимот се големи.

отворено, транспарентно и итно разговаравме. двајцата возачи беа јасни и искрени еден кон друг од самиот почеток. како екипа продоживме понатаму и односот помеѓу нив е одличен.

направивме невројатни работи лани, двајцата наши возачи беа неверојатни, одлично работеа заедно и тие се причината што доминиравме и што сме во позицијата во која сме.

нема да останеме заложници на случувањата од тие неколк кругови во бразил. направивме грешки, научивме многу од тоа и продожуваме понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ