Хорнер со објаснување за стратегијата на Перез

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Кристијан Хорнер објасни дека дупнатата гума на Валтери Ботас ги предомислило Ред Бул и по втор пат го внеле Серхио Перез во бокс за време на Катарското Гранд При.

Мексиканецот стартуваше од лошото 11то место по лошите калификации, но тргна одлично и многу брзо дојде во комбинација за подиум. Кога се дупна гумата на Ботас беше 3ти, но со промената загуби позиции кои до крајот не можеше да ги надоемести, така што Фернандо Алонсо на крајот се искачи на најниското место на подиумот.

нашиот проблем беше тоа што чувствувавме дека една промена на гуми е преголем ризик кај чеко по она што го видовме кај валтери. пораи тоа одбравме да го внесеме по нови гуми втор пат и пресметката велеше ека без виртуелното безбедносно возило ќе го претекневме алонсо во последниот круг – објасни хорнер

Со оглед на тоа што Ботас се откажа, 4то место не е лошо за Перез и тимот за доближување во конструкторскиот поредок иако мексиканецот беше разочаран оти сметал дека може до топ 3 пласман.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема