Хорнер: Тото немаше конкуренција последните седум години

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Кристијан Хорнер смета дека за разлика од него, Тото Волф не е научен да има ривали затоа што од почетокот на турбо хибридната ера работи без конкуренција.

Нивните екипи се во жестока борба во двете првенства сезонава, а и Тото и Кристијан многу често имаат војна на зборови помеу себе. Волф жестоко го критикуваше британецот на моменти велејќи дека глуми пред камер и го напаѓа неговиот возач Хамилтон пречесто, додека Хорнер смета дека сетоа тоа е поради фактот што Волф работел лабаво и без конкуренција последните 7 години.

мислам дека тото немаше вистински ривали против кои би се борел последните седум години и поради тоа не е навикнат, ова е ново искуство за него. спротивно на него, ние барем две од титулите ги освоивме по жестоки битки со ферари – потсети хорнер.

Шефот на Ред Бул исто така смета дека тензијата е поголема и поради фактот што Мерцедес сметаат оти променетите правила сезонава ги фаворизираат во Милтон Кинс во поголема доза, но и поради тоа што Ред Бул превзема дел од персоналот на “сребрените“ кој работи на нивниот мотор.

има многу политика на патекаа. уште од зимските тестови почна се кога главна тема беше дека болидите со голема накосеност имат поголема корист од промената на подот во задниот дел одошто оние со помала накосеност.

потоа и нашата фабрика за мотори за која се обидуваме да го донесеме најдобриот персонал и таленти од британија, секако дел земаме и од мерцедес. сето тоа секако дека не не прави омилени на тото и секако дека нема да ни прати божиќна разгледница – реален е хорнер.

Откако јапонска Хонда реши да замине од Формула 1 по крајот на сезонава, Ред Бул решија преку превземање на интелектуалната сопственост од јапонците, да ги произведуваат сами моторите во својатан нова фабрика. Сето тоа беше со цел да не бидат повторно нечиј муштерија, начин на работа кои сметаат дека не може да и донесе титули во иднина.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема