Хорнер: 2019 беше најдобра сезона за Верстапен

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека 2019 година била најдобра сезона во Формула 1 за Макс Верстапен до сега, а статистиката ја подржува таа изјава.

Откако се пласираше на четвртто место во 2018 година со 249 поени, Верстапен се пласираше во топ 3 за прв пат во кариерата и го подобри бројот на освоени поени на 278 вкупно. Холанѓанецот исто така победи на три трки во сезоната, додека во претходните две сезони имаше по две во секоја. Исто така тој стигна до неговите први две пол позиции.

Мислам дека ова беше најсилна година за Макс во Формула 1. Трите пол позиции, три победи. Девет подиуми е навистина импресивно годинава. Мислам дека начинот на кој Макс возеше исто така беше многу, многу позитивен.

Верстапен изјави дека не е изненаден што неговата форма се подобрила по пет сезони во врвната моторспорт тркачка серија.

Севкупно, ова беше попостојана сезона и имавме добри резултати. Но исто така е природно, само со искуство, тоа ќе помогне да се испорачаат постојани резултати. Имавме тешки неколку трки каде не бевме доволно конкурентни, Но во Австрија беше поинаку, Направивме добар компромис со болидот во трката.

Наеднаш во трката болидот оживеа. Од викенд во кој не бевме конкурентни, донесовме неколку подобрувања и тие функционираа многу добро. Сепак, беше помалку неочекувано. мислам за целиот тим, беше добро за самодовербата во тимот. Особено за Хонда по толку тешки сезони откако се вратија во Формула 1.

Верстапен негира дека тој бил јасен прв возач во тимот за прв пат откако си замина Даниел Рикардо, кој беше заменет од Пјер Гасли, а потоа и од Александер Албон.

Не направи голема разлика. Не го променив мојот пристап. На некој начин, добро е што сите ве слушаат од самиот почеток со поголем фокус кон болидот. Можм да ги споделам моите идеи, додека претходно беше секогаш од двете страни. Тоа беше позитивно, но не промени ништо.

НАЈНОВО

Шасијата на Алфа Ромео “падна“ на краш тестот

Алфа Ромео немаа успешен прв краш тест пред почеток на новата сезона во 2020 година. Според германскиот Motorsport-Magazin, од шасијата “не останало ништо“ и тие...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели. Со вас ќе споделиме...