- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хотелска завеса откри кога Ред Бул потпишале со Перез

Аматерските детективи во Формула 1 заклучија дека договорот на Ред Бул со Серхио Перез бил финализиран неколку дена порано од објавеното, благодарејќи на хотелска завеса.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Потврдата дека мексиканецот ќе го замени Алекс Албон во 2021 година се случи во Петок на 18 Декември, пет дена по последната трка во Абу Даби. Но, додека Перез објави порака на социјалните мрежи следниот ден како им се заблагодарува на Кристијан Хорнер и Хелмут Марко за одличната можност, некои набљудувачи забележаа доказ дека фотографијата од нив тројцата била направена неколку дена порано.

Големиот доказ е завесата во позадина, која е во W хотелот во Јас Марина каде се одржува трката во Абу Даби. Перез исто така е забележан во истата облека додека разменување кациги со Себастијан Фетел, а пак кои беа објавени во Понеделник, 14ти Декември.

Во интервју, Марко не негираше дека фотографијата е направена во Абу Даби, но инсистира дека тоа не значи кога бил потпишан договорот.

Некој си играл голем детектив. Фотографија нема никаква врска со потпишување на договорот. Во тој момент, ништо не беше конкретно, а се сликавме во случај да постигнеме договор. Сега, постојат и електронски потписи. Јас исто така носам дебела јакна, можеби се случило некаде на Север. 

Ако сум искрен, не се сеќавам кога се сликавме. Тоа беше турбулентен викенд. Ја имавме таа можнсот бидејќи не го напуштавме хотелот поради Корона мерките – објасни доктор марко.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно