- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хулкенберг не е подготвен за Формула Е

Нико Хулкенберг изјави дека сеуште не е подготвен да ја промени тркачката серија и да се трка во електричната Формула Е серија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Гласините велат дека доколку Хаас се решат да го отпуштат Роман Гросжан, тогаш тој би се вдомил во електричната серија.

Слична иднина има и Нико Хулкенберг кој ја одработува својата последна сезона од тригодишниот договор со францускито фабрички производител.

не сум сеуште подготвен за формула е и ми се допаѓа тоа што во моментов го правам.

секако дека мојата иднина зависи од можностите кои ќе ми се укажат, но за сега сум фокусиран ексклузивно и само на формула 1 – најави хулк.

Рено отворено изјавија дека работат на проценка на можностите во однос на возачите за 2020 година, а гласините го сместуваат Хулкенберг или во американски Хаас или во Формула Е кај Порше.

гласини постојат секогаш, формула 1 е таква. сеуште верувам дека ќе останам во формула 1 и ништо не е променето.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Оле, оле, оле … на радоста на Саинз и нема крај

Карлос Саинз беше маестрален на мократа Ред Бул Ринг и стигна до 3то место, најдобри квалификации во неговата Формула 1 тркачка кариера. https://twitter.com/F1/status/1282006204244516864?s=20

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Шестмина возачи не клекнаа пред трката

Шест од вкупно 20 Формуал 1 возачи одбраа да не клекнат пред стартот на трката како гест за поддршка на борбата против расизмот и...