Хулкенберг ќе тестира со Ероу Мекларен Индикар болид

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Нико Хулкенберг ќе добие тест со Ероу Мекларен СП во Индикар на следниот тест на возачи закажан на Барбер Парк на 25 Октомври. 

34-годишниот возач не вози во Формула 1 од 2019 година и во моментов е резерва во Астон Мартин. Парис О’вард и Феликс Розенквист имаат договор со Ероу Мекларен за наредната година, а Хулкнеберг ќе вози само за евалуација на неговите способности. 

Шефот на Мекларен, Зек Браун, не отфрла трет болид во Индикар наредна година, но речиси сигурно е дека тоа ќе се случи во 2023 година. 

Кога ќе имаме трет болид не се знае, но нема да биде на стартот на годината. Сигурно ќе имаме трет во 2023 година или можеби во текот на наредната. 

Хулкенберг е благодарен на тестот. 

Задоволен сум што ќе пробам Индикар. Му благодарам на Ероу Мекларен и на Шеви за шансата. Немам многу планови со Индикар, но одлично е да го пробам болидот за прв пат. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема