0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Хулу и Рикардо работат на нова серија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо, заедно со гигантот во стриминг сегментот, Хулу, работат на сценарио за телевизиска серија.

Hollywood Reporter објави дека Хулу е последна компанија во стриминг бизнисот која сака да го искористи силниот раст во популарноста на Формула 1 со нова серија со таа тематика. Рикардо го објави ова на својот Инстаграм профил, а неговото вклучување во проектот сеуште не е целосно јасно.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Првично се тврди дека ќе се снимаат 30-минутни епизоди кои се во рана фаза на обмислување и развој, а шпекулациите одат до таму што се вели дека многу продукциски куѓи под капата на Дизни како ABC Signature, Lionsgate TV и Temple Hill ќе бидат дел од проектот. Деталите се чуваат во тајност во моментов, а се бараат писатеи за сценариото.

Нетфликс со својот Drive to Survive беше пионер во сериите посветени на Формула 1 и беше директен “виновник“ за огромниот раст на популарноста на спортот пред се во Америка.

Седумкратниот првак Луис Хамилтон работи на документарец заедно со Епл ТВ, а стриминг сервисот на Епл работи и на филм со Формула 1 тематика каде главната улога треба да ја глуми Бред Пит.

Холивудсткиот продуцент Мајкл Ман работи на високобуџетен филм за легенданиот Енцо Ферари каде треба да се појават Адам Драјвер, Пенелоп Круз и Шаеилин Вудли. Ќе го гледаме и Le Mans ’66 каде ќе се појават Мет Дејмон и Кристијан Бејл. Drive to Survive во моментов ја снима својата 5та сезона, а веќе е договорена и сезоната потоа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Тсунода ја призна грешката за излетувањето

Јуки Тсунода објасни дека нема оправдување за грешката што ја направил кога излета во Сингапур. Тој ја заврши...

Стaинер демантира договор со Хулкенберг

Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на Хаас, отфрла дека потпишале договор со Нико Хулкенберг за наредната сезона.  Се зборува...