0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Шпанија: Нов 1-2 за Ред Бул на трка полна со возбуда

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ред Бул стигнаа до нова 1-2 победа, овој пат на автодромот крај Барсеона за 4ти триумф сезонава за Макс Верстапен и трети последователен по победите на Имола и Мајами.

Трка преполна со возбуди, Саинз рано самиот погреши, моторот на Леклер откажа за катастрофа во Ферари, Хамилтон со судар во првиот круг, но продолжи од последно место, Мик повторно на неколку кругови до поени.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Стартот на трката не беше неизвесен во однос на водечкиот двоец, единствено Карлос Саинз заспа и од 3то место загуби две позиции, но драма беше зад него кога Хамилтон, кој исто така немаше убедлив старт, бранејќи го своето место од Магнусен, доби удар од данецот. Двата болиди мораа во гаража, Луис дури сакаше и да се откаже, не го стори тоа и на крајот донесе одлични поени.

Најголеми добитници на почетокот на трката бе Фернандо Алонсо кој од своето послендо место напредна дури 5 позиции, како и Мик Шумахер кој стартуваше на 10то место, а по крајот на првата обиколка беше 6ти.

Сепак, младиот германец од Хаас рано почна да губи позиции, го загуби 6то место од Валтери Ботас во 4от круг, а два круга подоцна и 7то место од Естебан Окон од Алпин.

Седмиот круг донесе извртување во песокто крај патеката на Карлос Саинз кој загуби контрола на 9та кривина, излета како петтопласиран, а се врати на патеката на 11то место. Четири кругови подоцна, шпанецот сфати дека стартните медиум се премногу оштетени за да продолжи со нив и зема нов сет медиум.

Два круга подоцна на истото место се изврте и Макс Верстапен и загуби две позиции, а Кристијан Хорнер од боксот му јави дека сето тоа било поради силниот ветер кој ненадејно задувал. Сепак, во 11от круг тој си врати позиција претекнувајќи го Перез.

Во 14от круг, Расел и Верстапен кои се возеа на 2ро и 3то место, двајцата влегоа во бокс и почетните црвено маркирани меки гуми ги заменија со жолто обележани медиум компонента. Четири кругови подоцна и Чеко Перез промени гуми, а од водечките, лидерот Саинз смени гуми дури во 21от круг.

Следуваше период во кој шампионот Верстапен се мачеше да го претекне Џорџ Расел пред себе затоа што немаше ДРС, имаше проблем со системот во својот болид. Во 27от круг Серхио Перез побара од тимот да биде пропуштен од Макс за тој да го нападне Мерцедес, но не доби дозвола за тоа.

Кругот број 27 беше клучен во трката. Шарл Леклер пријави дека губи моќ од моторот и веднаш го паркираше своето бавно Ферари во боксот откажувајќи се додека беше лидер во трката.

Два круга подоцна, откако сфати дека Шарл го нема и дека не може да го мине Расел поради својот расипан ДРС, Верстапен се реши за нов сет гуми, зема медиум, но загуби позиција од колегата Чеко Перез и од Валтери Ботас на Алфа Ромео.

Во 31от круг, Чеко го мина Расел за лидерското место откако младиот британец поведе по откажувањето на Ферари, а круг подоцна Верстапен го мина Ботас за 3то место и се доближуваше до Расел. Во 37от круг, Макс се доближи и до второпласираниот Расел, но тој се реши да влезе во гаража по нов сет медиум гуми.

Промената на Расел го повлече и Перез во бокс по свежи пневматици, а Верстапен, кој беше на софт, промени во 45та обиколка од трката. Карлос Саинз следниот круг по 3ти пат промени гуми и зема медиум.

Во 49от круг, по очигледните и јасни тимски наредби од Ред Бул, иако негодуваше, Чеко му го пропушти лидерското место на Верстапен и му подари победа.

Луис Хамилтон по втор пат влезе по нови гуми во тој 49ти круг и два круга откако се врати на патеката го мина Естебан Окон за 6то место.

Следуваше круг во кој Расел повторно промени гуми, и со многу ризичен потег го претекна Валтери Ботас за 3то место. Го повлече повторно и Перез со себе по свежи пневматици за најбрз круг кој мексиканецот и го постави и никој не го подобри до крајот.

Се до 57от круг Мик Шумахер возеше во поени и беше 9ти, но тој круг беше минат од Фернандо Алонсо и Јуки Тсунода и излезе од поени, втора трка по ред на самиот завршеток.

Во 58от круг, Саинз го мина Ботас за 4то, а неколку кривини подоцна, Хамилтон го претекна ланскиот колега за 5то место. Две обиколку подоцна Луис гопретекна и Ферари, но во 65от круг доби информација да забави за да не дојде до откажување и му ја предаде позицијата на Саинз.

Така, Верстапен и Перез на врвот за нов 1-2 триумф на Ред Бул, а Џорџ Расел повторно се враќа на подиум. Карлос Саинз спаси што можеше да се спаси со 4то место за Скудерија, а 5ти беше седумкратниот поранешен шампион Хамилтон.

Валери Ботас повторно дличен со 6то место пред Естебан Окон на Алпин. Ландо Норис 8ми со 4 нови поени, пред Фернандо Алонсо кој тргна од 20то место за врши на 8мо, додека поен донесе Тсунода.

Со ваквио расплет на настаните и откажувањето на Леклер, Верстапен го превзема водството со 6 поени предност пред Леклер. Промена и кај констукторите, Ферари падна на второ место и заостанува 24 поени.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Вилнев: Верстапен е цело време на максимум, Хамилтон не е

Поранешниот првак, Жак Вилнев, даде свое мислење за клучната разлика помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.  Тој повторно...