- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шпанија: Очекувана победа за Хамилтон, продолжува “бламажата“ во Ферари

Луис Хамилтон доминантно стигна до уште една победа на Шпанското Гранд При во Барселона, откако шампионот целосно се оддели од конкуренцијата при самиот старт и воедно ги заобиколи скоро сите останати возачи на патеката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Стартувајќи од пол позиција, Хамилтон немаше проблеми со пневматиците како во Силверстон минатиот викенд и успеа да ја контролира трката од самиот старт. Светскиот шампион ги заобиколи сите останати возачи освен Макс Верстапен од Ред Бул и Валтери Ботас, кои завршија на второ и трето место.

Ова беше четвртта победа на Хамилтон во 2020 година, со што ја зголеми предноста на 37 поени пред Верстапен во првенството, кој пак ја помина финиш линијата со повеќе од 20 секунди заостанување позади возачот од Мерцедес, но кој во исто време покажа дека е единствен возач кој не е дел од Мерцедес, а може да му конкурира и да придонесе кон возбудата во трките годинава.

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл, заедно со својот колега Серхио Перез се пласираа на 4то и 5то место. Перез изгуби една позиција поради казната од 5 секунди поради игнорирање на сините знамиња. Локалниот херој, Карлос Саинз се пласираше на шесто место за Мекларен, пред Себастијан Фетел со Ферари на седмо место.

Скудерија на уште една трка покажаа дека имаат драстично заостанување и оваа година можат да ја испишат како пропаст, откако нивниот подобро пласиран Шарл Леклер, мораше да се откаже трката поради електричен проблем во задниот дел од болид кој доведе до негово ненадејно извртување.

Тимскиот колега на Макс Верстапен, Алекс Албон, Пјер Гасли и Ландо Норис ги комплетираа топ 10 играчи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...