Што значи доаѓањето на Саинз за јуниорите на Ферари

Доаѓањето на Карлос Саинз во Скудерија Ферари за наредната година покрај Шарл Леклер ги остава во недоумица членовите на ФДА, Академијата за млади возачи ан тимот од Маранело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На Ферари им требаа само 48 часа да го потврда Саинз како замена за Себастијан Фетел откако германецот објави дека си заминува од тимот на крајот на годината.  Леклер има петгодишен договор со Ферари до 2024 година, додека Саинз останува до 2023 година и со тоа нема слободно место во Ферари најрано до 2023 година.

Највисоко рангираниот јуниор, Антонио Џовинаци, треба да го има приоритетот за место во Ферари. Тој беше одминат како кандидат за замена за Фетел откако Биното изјави дека е премлад и прерано да биде промовиран во сениорската екипа. Италијанецот го замени Леклер во Алфа Ромео откако Шарл замина во Ферари по само една година помината во Хинвил. Најдобриот негов резултат е петто место во Бразил и има доста за учење покрај искусниот шампион, Кими Раиконен.

Раиконен имаше три пати повеќе поени од Џовинаци и со тоа се отвора прашањето за неговата иднина во Алфа Ромео. Џовинаци мораше да се докаже откако во последниот круг на Спа излета и не ја заврши трката. Но, ова е критична сезона за Џовинаци затоа што тој мора да се докаже иако сезоната сеуште не е започната поради пандемијата.

Ферари има уште пет јуниори и тоа Роберт Шварцман, Маркус Армстронг, Мик Шумахер, Калум Илот и Џулиано Алези. Ниту еден од возачите на ФДА во Формула 2 не ја заврши минатата сезона во најдобрите десет, иако тоа беше очекувано барем од Шумахер.

Иако Илот беше највисоко пласиран јуниор на Ферари како 11ти во поредокот, а Шумахер финишираше позиција зад него откако победи само еднаш во Унгарија, додека најслаб беше Алези на 15та позиција. За никој од нив не се верува дека ќе влезе во Формула 1 како што се случи со Леклер и Расел кои имаа одлични сезони во Формула 2. Доаѓањето на Шварцман и Армстронг во Формула 2 по успешните сезони во Формула 3 ќе биде доста интересно.

Шварцман ќе вози покрај Шумахер во Према и ќе биде дополнително возбудливо. Шумахер беше подобар од Шварцман и Армстронг во Формула 3 додека тие беа почетници.

Армстронг ќе биде дел од АРТ додека Илот и Алези ќе бидат во Уни Виртуоси и ХВА Рејслаб.  Голем притисок има врз Шумахер, Алези и Илот кои веќе не се почетници и мора да се докажат.

Се зависи и од Саинз кој треба да се докаже во Ферари. Доколку тоа не се случи ќе се отвори место за Џовинаци, но останува да видиме. Нема да има моментална акција од Ферари бидејќи се потребни темелни проценки во наредниот период.

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...