Што точно ќе се зборува во секоја епизода од Drive to survive 3

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Последниот тркачки викенд од месецов ќе се одржи првата трка од сезоната, Бахреинското Гранд При, но овој Петок, поточно на 19.03, на Нетфликс ќе биде пуштена третата сезона од популарната Drive to survive серија за Формула 1.

Од своето појавување во 2019 година, серијата стана огромен успех, особено во Америка и привлече огромна нова публика во тркачката серија менувајќи ја засекогаш перцепцијата на спортот.

Во продолженија да биде чекањето поинтересно, ви пренесуваме за што точно ќе стане збор во секоја од епизодите на Drive to survive сезона 3

1 – Cash Is King

Првата епизода секако дека ќе биде борбата на спортот да склопи нормален календар по многуте откажувања на трки на почетокот на годината.

Но, проблемите за некои почнале многу порано од предсезонските тестови, како на пример за Рејсинг Поинт и нивниот “розев Мерцедес“. Се појаува Лоренс Строл, новиот сопственик на тимот во дебатата околу легалноста на неговиот болид која ќе ја одбележи сезоната.

Епизодата завршува со откажувањето на Австрлиското Гранд При минатиот Март кое создаде огромна несигурност за тоа дали тркањето воопшто ќе почне.

2 – Back On Track

Втората епизода е неколку месеци по случувањето на првата, односно ја покрива првата трка од календарот која беше дел од двојната програма во Австрија. Состаноците помеѓу персоналот во тимот повеќе ги нема и се заменети со Зум конференции со цел Формула 1 да се привикне на новата реалност.

Центар во оваа епизода се Ред Бул како домаќини на трката, посебно Кристијан Хорнер, шефот кој најави дека 2020 година ќе биде сезоната кога Мерцедес “ќе падне“.

Дел од стратегијата на “биковите“ беше да се оспорува се што Мерцедес прави од бунењето за ДАС системот на снимки дека Хамилтон не запрале при жолти знамиња на првата трка.

3 – Nobody’s Fool

Следни за обработка беа Мерцедес со акцент на нивниот финец, Валтери Ботас и неговиот обид да се победи Хамилтон со ментална психолошка војна. Овдека се споменува и незгодното етикетирање на финецот како “број два возач“.

4 – We Need To Talk About Ferrari

Минатата сезона беше една од најлошите за Ферари во истроријата на Формула 1 и поради тоа е изненадување што италијанците ги отворија вратите за Нетфликс.

Себастијан Фетел уште пред почетокот на сезоната дозна дека заминува од тимот, но против себе имаше фанстѕаичен дечко како колега. Себ знаеше и да се пошегува, но во Маранело не им беше до смеа и тој често имаше проблеми по што реши да мие во Астон Мартин.

За да боли повеќе, Фетел откри дека ќе потпише за Астон на 1000то Гранд При кое Ферари го организираа во Маранело како прослава на нивната 1000та трка во Формула 1. Се чини дека оваа епизода ќе биде врвот на серијата.

5 – The End of the Affair

Овдека се покрива заминувањето на Даниел Рикардо од Рено во Мекларен по две неубедливи сезони со фабричката екипа, минува во тим кој подолго време го сака кај себе, но и во директен ривал. Сепак, на шефот Сирил Абитебул тоа воопшто не му се допаѓа.

Рено се центар на сминањето за време на Британското Гранд При каде официјално ја дадоа првата жалба околу леалноста на болидот на Рејсинг Поинт.

6 – The Comeback Kid

Пјер Гасли во Монца, ништо повеќе не треба да се каже за 6та епизода. Една од најдобрите епизоди која почнува со искреноста на Пјер во врска со неговото напуштање на Ред Бул. Гасли е отворен особено поради тоа што се гледа дека и Алекс Албон тешко се прилагодува.

Епизодата става сомнеж и врз одлуката на Ред Бул да го смемат Гасли со Албон која се коментира на широко во падокот особено по победата на фрацузинот на престижната Монца. Епизода полна емоции.

7 – Guenther’s Choice

Сезоната не би била ни од блиску интересна ако нема епизода посветена н ексцентричниот шеф на Хаас Ф1, Гунтер Стаинер. Овој пат сме со него во текот на најголемата криза кога се мачи и финансиски и резултатски на опашата од поредокот.

Мора да донесе крупни одлуки во име на иднната на екипата, пари недостасуваат, а возачите се пред крајот на своите договори. Нивните најголеми ривали се Алфа Ромео кои ги има доста во оваа епизода.

8 – No Regrets

Епизода псветена на Карлос Саинз и на Мекларен кои ги имаше “на големо“ и претходните сезони. Шпанецот веќе го имаше потврдено својот трансфер во Ферари, а многумина сметаа дека ги предал Мекларен.

Режисерот прикажува дека заминувањето на Саинз не е многу пријателско, но и дека може екипата да му ја уништи сезоната која е во тек. Епизодата завршува со неговата борба со Пјер Гасли за победа во Италија, по што многумина се прашуваат дали погрешил што ја напуштил екипата.

9 – Man on Fire

Секако дека оваа епизода најдолго ќе се памти, а случката која ја покрива ќе осане засекогаш врежана во меморијата, а тоа е ужасниот судар на Роман Гросжан во Бахреин. Цела епизода посветена на французинот од Хаас, епизода која е 20 минути подолга од останатите.

Хороророт ќе биде најдетално прикажан, а трилерот околу состојбата на Роман ќе биде напнат. Дури и сега откако се знае судбината на возачот, возбудливо е да се преживеат тие моменти од ново.

Зборува сопругата на Роман како и самиот тој додека опишува како се спасил. Победата на Чеко Перез на таа трка останува во сенка како и неговиот трансфер во Ред Бул.

10 – Down To The Wire

Финалето во сезоната е посветено на борбта помеѓу Мекларен, Рејсинг Поинт и Рено за 3то место во конструкторскиот поредок на последната тка во Абу Даби. Загрозен е Даниел Рикардо кој се бори за фабрички Рено, а со тоа може да ги “зезне“ своите идни работодавци од Мекларен.

Седумкратниот шампион Луис Хамилтон исто така е чест гостин во оваа епизода каде раскажува за своето искуство да се биде црномурест тркач.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема