Шумахер: Деновите на Перез во Ред Бул се избројани

Дали Мексиканецот ќе остане на своето место покрај Верстапен?

Поранешниот победник на трка во Ф1, Ралф Шумахер, верува дека деновите на Серхио Перез во Ред Бул се избројани.

Мексиканецот се врати на подиумот само втор пат во седум трки на Унгарското ГП по мизерната форма која вклучуваше инциденти и лоши резултати, особено пет трки без пласман во К3.

Кошмарниот почеток на викендот во Хунгароринг започна кога Перез излета во првиот тренинг во првите пет минути, но и покрај тоа што стигна до К3 за да стави крај на своето очигледно проклетство, тој успеа да се пласира само на деветтото место на стартниот грид.

Но агресивното возење се исплатеше бидејќи Перез се искачи на третото место до крајот на трката, а неговиот притисок за второто место беше отежнат поради заостанати болиди доцна во трката.

Шумахер, сепак, е загрижен за иднината на четирикратниот победник и, пишувајќи во својата колумна, објасни:

Расположението за Серхио Перез неодамна беше мрачно.

По многубројните грешки во последниве недели, повторно излегоа големи критики по неговиот судар на првиот слободен тренинг во Унгарија.

Проблемот со Перез е постојаноста, тој има премногу флуктуации и можеби не е доволно ментално стабилен.

Перез се соочува со зголемен притисок поради неговата недоволна форма, што му овозможи на тимскиот колега Макс Верстапен да дојде до предност од 110 поени во поредокот на возачите.

Враќањето на Даниел Рикардо во АлфаТаури дополнително ги засили шпекулациите за долгорочната иднина на Перез со Ред Бул и поранешниот возач на Џордан, Вилијамс и Тојота, Ралф Шумахер, смета дека сигурно ќе дојде до промена следната сезона.

Неправедно е од нас да го зголемуваме притисокот врз него, но особено во иднина, кога другите тимови се поблиску, Ред Бул не може да си дозволи еден возач да биде толку јасно побавен од другиот – рече Германецот.

Тимот логично се обидува да го натера Перез да верува дека неговата работа не е загрозена, но мислам дека тој сепак нема да вози за Ред Бул следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ