0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Шумахер: Канада беше како торта без шлаг

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мик Шумахер вели дека неговиот силен настап во квалификациите во Монтреал, проследен со неговото предвремено откажување на трката, бил како да има торта и да нема шлаг на истата.

Возачот на Хаас неодамна се најде во центарот на вниманието, но од погрешни причини. Во Монако, Шумахер ја доживеа втората голема несреќа во 2022 година, грешка која, како и отпишаната шасија во Џеда на почетокот на оваа сезона, истроши неколку милиони долари од скапоцениот буџет на американската екипа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сепак, грешката исто така ги започна шпекулациите за иднината на младиот германец, при што многумина се прашуваат дали тој сепак ќе замине од Формула 1. Но, одличниот приказ на квалификациите во Канада каде Шумахер стигна до последниот К3 сегмент и го постигна најдоброто шесто место во кариерата во сесијата ги сруши сомнежите.

Самиот млад германец рече дека перформансите докажуваат дека неговото присуство на гридот во Формула 1 е оправдано.

Очигледно е убаво да се има добар резултат, Но тоа е и нешто на кое треба да се надополни. И, знаете, само докажете им на сите дека сте тука со причина – посочи синот наседумкратниот формула 1 првак.

За жал, на 23-годишниот возач не му беше понудена можност да го продолжи својот настап од квалификациите со чиста трка во недела. По губитокот на стартот и падот од 6то место место, Шумахер се врати и убаво се смести во главните позиции, се додека ненадејно проблемот со моторот не го чинеше премногу во 18от круг.

Ја направивме тортата, едноставно не успеавме да го ставиме шлагот, Значи, мора да го ставиме шлагот.

Тоа е доста вознемирувачки бидејќи мислам дека имавме добар болид, одлично темпо. Сигурен сум дека ќе имаше добра награда за нашата напорна работа оваа сезона, но мора да почекаме подолго.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...