Јапонија: Победа за Ботас за 6та последователна титула на Мерцедес

Валтери Ботас донесе победа за Мерцедес прв пат по Баку откако имаше фантастичен старт на почетокот на Јапонското Гранд При, потоа и победи на трката и теоретски им ја обезбеди 6та последователна титула на Мерцедес, по што рекорот на Ферари е изедначен.

Освојувачот на пол позиција ноќеска, Себастијан Фетел, “го зезна“ стартот и мораше да се задоволи само со 2ро место, но го задржа Луис Хамилтон зад себе на трка преполна со претекнувања.

Стартот беше многу лош за Ферари, Фетел имаше таканаречен “jump start“, тргна прерано, веднаш застана и куртули казна затоа што беше поназад од местото од каде се стартува, но Ботас веднаш нападна и многу лесно го мина.

И Шарл Леклер немаше добар старт и загуби од Ботас, а на кусиот правец загуби позиција и од Макс Верстапен. Но, младиот возач од Монако не сакаше така лесно да се откаже од својата позиција и се бореше со Верстапен, имаа контакт по кој Макс се изврте крај патеката на втората кривина.

Хамилтон исто така беше неубедлив на стартот, загуби од Верстапен, но за малку ќе загубеше позиција и од Карлос Саинз со кого имаше контакт во борба за место.

Прераниот старт на Себастијан беше истражен од страна на стјуардите кои не се решиј ада го казнат возачот на Ферари.

Исто така под истрага беа и Леклер и Верстапен за дуелот и контактот. Стјуардите прво објавија дека нема да има казна за никого, потоа се “пишманија“ и на средина од трката објавија дека ќе го истражат инцидентот по крајот на трката.

Левиот дел од предното крило на Шарл се распаѓаше по патеката така што тој мораше во бокс во 3от круг иако преку радиото велеше дека болидот е во ред, а го држеше и Хамилтон зад себе кој како по обичај се жалеше на делови од Ферари околу себе. Леклер влезе, промени нос и монтираше медиум по што се врати на опашката како последен.

Контакт имаше и во 5от круг во момент кога Албон го минуваше Ландо Норис на шиканата пред стартната рамнина. Место немаше, Алекс беше преоптимистички, но стјуардите го разгледа инцидентот и не се решија за казна. Возачот на Мекларен по контактот отиде во бокс, промени гуми и се врати како поселден.

Во 7от круг Даниел Рикардо на Рено веќе беше на 10то место, а за потсетување имаше 17то време на квалификациите.

Следуваше шоуто на Шарл Леклер откако во 9от круг го мина оштетениот Макс Верстапен, три кругови подоцна Даниил Квјат за 15то, во 14от круг Кими Раиконен за 14то на летечкиот 130Р, во 15от круг и Роман Гросжан за 13то, а следнито круг и неговиот колега.

Кругот број 15 беше и моментот кога Верстапен се откажа од трката, а неговиот колега влезе во гаража по нови гуми.

Прв од водечките во гаража влезе Себастијан Фетел кој промени на сфот и од 2ро “падна“ на 4то место. Следниот круг промени и лидерот Ботас препуштајќи го водството на неговиот колега, но доби медиум компонента. Луис Хамилтон влезе во бокс од лидерската позиција во 21от круг и доби медиум, а потоа преку тимското радио се бунеше затоа што сметал дека треба да добие хард и да вози до крајот на трката.

Во кругот број 26 втор пат во бокс влезе Леклер, доби нови софт, “падна“ на 12то место, но следуваа претекнувања над Џовинаци, Рикардо, Хулкенберг, Перез, Строл и Гасли така што до 35от круг се позиционираше на 6то место зад Карлос Саинз од Мекларен.

Саинз своето прво менување го направи во 27от круг откако сите обиколки ги направи со почетниот софт, додека Рикардо на своите медиум издржа дури 31 круг.

Кругот број 32 беше моментот кога Ферари се решија да го повикаат Фетел за да му дадат нови медиум. три кругови подоцна нови софт доби Албон, во 36от круг Ботас, а во 42от и Хамилтон. Следуваше бркотница на Луис и Себастијан, но моќното Ферари не дозвли да биде минато нити под ДРС.

Кругот број 47 беше моментот кога Леклер доби нови софт, не загуби позиција, нападна за најбрзиот круг, но не успеа да го освои поради гужвата на патеката.

Буквално додека Ботас го возеше последниот круг, Чеко Перез со својот РЕјсинг Поинт се заби во ограда.

Мерцедес стигна до нова конструкторска титула со 1-3 пласман и поен за најбрз круг, а Фетел ги раздели “сребрените“. Александер Албон беше одличен со 4то место пред Карлос Саинз кој продолжува да користи грешки кај топ 3 екипите и овој пат беше одличен со 5то место.

Следен беше Шарл Леклер кој имаше ни самиот не знае колку претекнувања, две застанувања во бокс, ново предно крило и возеше без ретровизор. Даниел Рикардо почна од 17то место, а заврши 10 позиции погоре, Пјер Гасли добива 4 поени за своето 8мо место, Нико Хулкенберг донесе двојни поени за Рено со 9то место, а Ленс Строл дојде до поен.

 

 

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX