Јос Верстапен ги предупредува Ред Бул

Јос Верстапен ги предупреди Ред Бул за иднината на неговиот син по 2020 година доколку тимот не обезбеди шампионски болид.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Договорт на Макс Верстапен истекува на крајот на наредната година, а холанѓанецот сака да стигне до првата титула со Ред Бул.

Важно е да му се обезбеди болид на Макс со кој ќе дојде до титулата. Наредната година тој останува во Ред Бул, но после тоа останува отворено. Во моментов ништо не се случува. Се концентрираме на наредната година.

Во случај на напуштање на Ред Бул, само Мерцедес и Ферари се алтернатива за Верстапен. Јос Верстапен има близок однос со Тото Волф додека синот се гледа како колега на Леклер во Скудерија.

Шарл и јас ќе се согласуваме во ист тим. И двајцата сакаме да победиме и имаме меѓусебна почит. Не исклувувам дека ќе имаме конфликти, но нема да бидеме како Хамилтон и Розберг во Мерцедес.

Двајцата се најголеми таленти на таа генерација и имале многу меѓусебни трки до сега.

Го знам Леклер долго време, Макс се тркаше со него. Тој е многу брз и мислам дека во наредните години ќе гледаме борба меѓу Хамилтон, Леклер и Верстаеапн.

НАЈНОВО

Волф забележал проблеми во врската помеѓу Фетел и Ферари

Тото Волф не бил изненаден кога дознал за заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари, откако приметил проблеми во нивната врска. Фетел се приклучи...

популарно

Тод објаснува зошто Себ не успеал да го копира Шумахер

Жан Тод, првиот човек на Ферари, верува дека недостаток на обединетост во Ферари е главна причина што Себастијан Фетел не успеал да го копира...