Јужна Африка може да се врати уште во 2023

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Гранд При трка во Јужна Африка може да се врати во Формула 1 календарот уште во 2023 година, според потенцијалните организатори на настанот.

Првичната цел на организацијата беше враќање во календарот во 2022 година, но ефектите од глобалната пандемија беа пресудни многу повеќе одошто инфраструктурата за одложување на реализацијата на проектот.

Јужна Африка последен пат организираше Формула 1 трка на Киалами во 1993 година кога трката се возеше како прва од календарот, во средина на Март и тогаш победи Алан Прост со својот Вилијамс.

Трката прекина со одржување поради финансиски причини, а нова компанија по име САГП, на чие чело стои Ворен Шектер, син на Формула 1 првакот од 1979 година, Џоди Шектер, сака да ја врати назад.

Стефано Доменикали, првиот човек на спортот неодамна посочи дека “црниот континент“ може повторно да се најде во календарот. Шектер дополни дека најлогично место во Јужна Африка за Формула 1 ткра и Киалами каде имало трки од 1967 до 1985 година и повторно во 1992 и 1993 година.

целта сеуште е 2022 година, но многу лесно може да биде и следната поради ефектите од глобалната пандемија. ислам дека 2023 година е многу пореално – најави шектер.

Неодамна и Луис Хамилтон даде поддршка за трка во Африка велејќи дека континентот е многу важно место за Формула 1 дополнувајќи дека е прекрасно и дека е важен пазар за спортот.

одлично е што луис, толку позната и успешна личност, во исто време и многу влијателен човек, даде поддршка за африканско гранд при.

јасно е дека јужна африка е најочигледна опција за трка во африка поради тоа што има огромна историја во спортот, имаше своја трка во 1970-тите години, имавме формула 1 шампион и земјата има голема публика.

најважно е патеката целосно да се подготви, а таа е многу блиску до формула 1 стандарди. ако има африканско гранд при во јужна африка, сигурно дека киалами е најлогичен домаќин. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема