- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Џејми Чедвик е првиот шампион во W серијата

Џејми Чедвик стана првиот шампион во W серијата, откако развојниот возач на Вилијамс заврши на врвот на првото првенство во женска конкуренција со пласман на 4то место во Брендс Хеч.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Пред финалето, Чедвик имаше предност од 13 поени пред Бејтске Висер, но 21 годшната Чедвик стартуваше од пол позиција на трката, додека нејзината ривалка од петто место.

Чедвик поведе од стартот, пред Алис Пауел и Ема Кимилаинен во првата половина од трката. Пауел и Кимилаинен ја претекнаа Чедвик, а потоа го зголемија своето водство пред лидерката во првенството, кој беше под напад на Висер.

Извртување од Мики Којама го изнене Безбедносното Возило на патеката. Рестартот и овозможи на Висер да ја претекне Чедвик и да заврши на последното место на подиумот позади Пауел и Кимилаинен.

Четвртото место на Чедвик беше доволно за таа да ја освои титулата во W серијата и наградата од 500,000 долари. Во генералниот пласман, Чедвик беше крунисана како шампион со 2 победи од шест трки и 110 освоени поени, а по неа следеше Висер со 100 поени и Пауел со 76 на третото место.

Првите 12 возачи во серијата имаат загарантирано место на гридот во 2020 година, додека другите ќе треба повторно да поминат низ квалификацискиот процес.

Да се биде прв шампион во W серијата е едноставно неверојатно. Ќе ми стане јасно набргу, но сеуште неможам да верувам. Оваа година беше променлива, а трката беше поинтензивна од сите други досега. Иако завршив само на четвртто место, бев среќна што конечно ја поминав линијата и ја обезбедив титулата.

Целото искуство во W серијата е неверојатно. На почетокот на сезоната си помислив дека може да биде одлична сезона. Сметав дека серијата има потенцијал да биде нешто големо, но не очекував дека ќе биде волку големо.

Очигледно, секоја трка стануваше се поголема и поголема, но на домашна трка тука во Брендс Хеч, никогаш немав искусено вакво нешто. Никогаш не сум почувствувал такво внимание од фановите, а тоа е благодарејќи на W серијата.

Ова беше неверојатна можност за нас и ова е мојата најдобра година од кариерата до сега.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...