0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Џејмс Кеј е изненаден од предноста на Ред Бул и Ферари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Техничкиот шеф на Мекларен, Џејмс Кеј, откри дека е малку изненаден од перформансите на Ред Бул и Ферари сезонва и призна дека двете екипи завршиле фантастична работа со новите овогодинешни правила.

Промената на техничката регулатива во спортот за оваа година донесе ресетирање со новиот земјен ефект кој требаше да го подобри претекнувањето и спектаклот на патеката. Мерцедес се загубија, додека Ред Бул и Ферари најмногу погодија со новата регулатива и се со најсилни болиди на гридот.

морам да признаам дека сум изненаден од перформансите на двете најсилни екипи споредно со останатите. на почетокот на сезоната гридот беше доста густ, но почна да се прават разлики, а но морам да кажам дека ферари и ред бул завршија одлична работа со новите правила. тоа покажа дека дури и со ограниено трошење ако сте голема екипа со голема инфраструктура и знаење, ќе имате значителна предност. гридот е изедначен во однос на буџетите со кои се располага и тоа е одлична референца која треба да продолжи да се користи и во иднина – вели кеј.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Уште една работа кој го изненадила Кеј сезонава е малиот ефект кој новите болиди го имаат над брзианта на болидите.

теоретски со истата шасија оводогинешните болиди требаше да бидат две секунди побавни од ланските, но не е така. болидите многу брзо доаѓаат до ланските времиња и перформанси, веќе тоа е постигнато што само го покажува нивото на екипите во спортот кое го имаме.

Во однос на предизвиците со кои се соочиле Мекларен сезоанва, Кеј ја посочи првата трка како најпроблематичка како и развојот со ограничен буџет.

имавме многу предизвици затоа што нов болид е најголем предизвик на првата трка затоа што ништо реално не се знае и истата може да го одреди целиот тек на сезоната.

по првата трка подобрувањето е многу силно, имавме тешка прва трка, но следуваа одлични резултати, иако почетокот беше најголем предизвик. првата трка заедно со одржување на трката по развој е војната која секогаш се води со целосно нови правила. работење со ограничен буџет е значително поразлично од порано затоа што мораме внимателно да одлучиме на што ќе трошиме.

мораше да се реагира на проблемите кои ги најдовме на тестот во бахреин пред првата трка и како екипа одлично се снајдовме, ги решивме проблемите и најдовме што не е добро. на моменти бевме брзи, понекогаш не бевме доволно брзи, но тоа не е ничија грешка, едноставно моментот беше таков.

имавме ограничување и лани и работевме согласно тоа, додека годинава имавме ограничување со целосно нови правила, но и буџетите беа помали. се работи за процес на учење и веројатно неколку екипи ќе работат на самиот лимит, најважен е балансот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Менаџментот на Рикардо преговара со сите

Менаџерскиот тим на Даниел Рикардо преговара со сите тимови за наредната сезона откако тој остана без местото...