- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

🎥 ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Забранетиот филм со непознатиот Ф1 возач

Во Август 1976 година, пред 44 години, францускиот режисер и продуцент, Клод Лелуш, адаптираше камера со жироскоп и ја прикачи на предниот дел на Ферари 275 ГТВ. Потоа покани пријател, професионален Формула 1 возач кој до ден денеска остана непознат, да го вози автомобилот во центарот на Париз колку што може побрзо пред изгрејсонце.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Филмот требаше да трае 10 минути, а за тоа време требаше да се мине растојанието од Porte Dauphine низ Louvre до базиликата SacreCoeur. Лудо е тоа што Лелуш не побара дозвола да се затворат улиците за ова благо речено опасно патување.

“Лудиот“ возач на моменти успевал со Ферарито да развие 260 километри на час на широките авении на кои имаше автомобили. Минувањето низ црвени семафори константно се случува, разминувањето со пешаци на блиско растојание исто така, но и плашење гулаби и возење во спротивен правец на едносмерни улици.

Кога филмот го виде светлото на денот и беше прикажа во јавноста, Лелуш беше експресно уапсен, но никогаш не го откри идентитетот на неговиот пријател кој го возел 275 ГТБ автомобилот. Шпекулациите велат дека зад управувачот бил Рене Арно, седумкратен победник на Гранд При трки кој тогаш се тркал во Формула 2 или Жан Пјер Жарие, пилотот со три подиуми во својата кариера.

Филмот бил експресно забранет и се прикажува само во нелегални кино сали. Погледнете, звук “до даска“ возачот стварно иам му**.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Саудијците ги негираат обвинувањата за нивната трка

Шефот на Моторспорт федерацијата на Саудиска Арабија кои ќе бидат главни организатори на Формула 1 трката догодина ги разбира фановите околу скептицизмот кој владее...

РЕЗУЛТАТИ

Турција: Хамилтон докторски до 7та шампионска титула

Луис Хамилтон, сосема, сосема неочекувано, победи на Турското Гранд При крај Истанбул и на докторски начин стигна до својата 7ма шампионска титула во Формула...

популарно

Ферари со иновативен мотор за 2021 под име “суперфаст“

Во шест месеци минатата година Скудерија Ферари стана од екипа со најсилен мотор во екипа со најслаб мотор на гридот, а причината за тоа...