🎥 Иновативната Формула Е воведува камера од кацигата

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула Е воведува иновативна таканаречена ‘Driver’s Eye’ камера поставена во кацигата буквално до окото на возачот, а премиера технологијата ќе има на трката во Сантиаго откако доби хомологација од ФИА.

Камерата е монтирана во кацигата на возачот на страна од очите и на никој начин не го попречува неговиот видик. Фановите ќе може да почувствуваат како е да се вози и како делуваат сите сили врз телото на взачот. Камерата се тресе, како и целото тело на возачот и понекогаш може да се очекува заматен екран, буквално како што гледаат и воазчите.

Еден недостаток на технологијата е што камерата не може да се адаптира на промените во светлината кога возачот ќе промени од светол кон темен визир на својата кацига.

Формула 1 сеуште нема никаква најава за воведување на слична технологија, така што се чекаат реакции од Формула Е фановите пред да се превземе нешто.

НАЈНОВО

Иднината на Херез ќе се решава во Мај или Јуни

Враќањето на шпанските Херез на Формула 1 календарот за следната година е сеуште во игра. Барселона лани доби едногодишно продолжување на оработката што значи...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...