- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

🎥 И покрај силниот судар на Нувел, Перез го обожава Монако

И покрај тоа што во 2011 година имаше силен судар на шиканата Нувел во Монако при брзина од над 280 кмч, Серхио Перез ја обожава патеката во Кнежевството.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Таа година беше дебитантска за Чеко во Формула 1, а во текот на квалификациите имаше огромен судар, како што може да се види од видеото.

Се удри во страничната уграда по излезот од тунелот, неговиот Заубер немаше контрола и отиде право во бариерата пред себе со многу моќен удар. Мексиканецот имаше потрес на мозокот и истегнат грб поради што не возеше следниот ден на трката.

монако е многу посебно, место каде треба да бидете целосно посветен на тоа што го правите, да имате многу самодоверба и да бидете многу прецизен. уживам во шиканата нувел иако моајот најголем формула 1 судар беше токму таму, но ја сакам кривината затоа што е голем предизвик – изјави чеко.

Запрашан во три збора да ја опише Големата награда на Монако, Перез изјави:

возбудлива, предизвикувачка и прецизна.

Годинава најпрестижниот тркачки циркус нема да има трка во Монако откако организаторите ја откажаа откако немаа можност да ја поместат на друг датум во текот на годината. Монте Карло е градска трка која бара обемна подготовка, поради што поместување на организацијата е многу тешко, речиси невозможно.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Расел бара подобар ритам на трка

Младиот британски возач на Вилијамс, Џорџ Расел, е изненаден од недостатокот на ритам за време на трките споредно со она што го возеле на...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...