0 ден

Нема производи во кошничката.

🎥 Мерцедес веќе го стартуваше својот нов болид

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мерцедес е првата Формула 1 екипа која потврди дека веќе го старувала својот болид за следната натпреварувачка сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кусо пред прсоналот од Бракли да замине на Божиќен одмор, “сребрените стрели“ за прв пат го стартуваа В14 во фабриката. Во кусо видео објавено од тимот, покажаа како се стартува моторот, но секако внимаваа да не се открие буквално никаков дел од дизајнот.

Осумкратните последователни прваци имаа разочарувачка сезона и прв пат останаа без титула од 2014 година, а со проблематичниот В13 успејаа да победат дури на претпоследната трка од шампионатот. Имаа големи проблеми на почетокот, но како одминуваше сезоната имаа силен напредок и станаа конкурентени доблжувајќи се до Ферари и до Ред Бул.

Овогодинешниот В13 имаше концепт со мали странични делови, а дизајнот најмногу му штетеше на потскокнувањето кое го имаше во изобилие од почетокот на сезоната. Иако концептот бил добар на симулациите, тие никако не наоѓаа начин да го корелираат и во реалниот свет на патеката. Се очекува следниот болид да биде драстично по различен од овогодинешниот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ