0 ден

Нема производи во кошничката.

🎥 Новиот Drive to Survive на 24 Февруари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 и Нетфликс објавија дека новата сезона, 5та по ред, на популарната документарна серија, Drive to Survive, ќе биде достапна за гледање на 24 Февруари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кус клип околу продолжението веќе е објавен како најава, а серијата ќе биде достапна за гледање на платфотмата точно една недела пред почетокот на Формула 1 сезоната. Но објавеното кусо видео се гледа Стефано Доменикали како зборува за промените во правилата кои се промовираа лани најавувајќи дека возачите ќе ги сакаат затоа што се како борци во Колосеум.

Откако беше отсутен со свои изјави од 4та сезона, Макс Верстапен повторно ќе зборува во ова издание од серијалот. Двократниот првак не сакаше да зборува пред камерите на Нетфликс затоа што беше загрижен дека американците преувеличуваат и прават приказна од се, но се премисли и ќе имаме чест да го гледаме на крајот на следниот месец.

Шеста сезона која ќе ја следи оваа година, а ќе се прикажува догодина веќе доби зелено светло за почеток со снимање.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Drive to Survive стена особено голема попупарност во Соединетите Америански Држави каде по емитувањето на првата сезона вртоглаво се зголеми популарност на спортот. Последната сезона е најдобро гледана до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ