- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

🎥 Норис не се обидел да ги измами тестовите со шише ладна вода

Од Мекларен истакнаа дека видеото на кое се гледа Ландо Норис и неговиот тренер како користат шишиња со ладна вода за да поминат на проверката на температура во Австрија, не ја покажува вистинската приказна позади истото.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Краткото видео кое се појави на социјалните мрежи ги покажува двајцата како пристигаат на местото на проверка и се застанати откако проверката покажала висока температура. Двајцата потоа користат шишиња со ладна вода за да го изладат своето чело, а потоа се тестирани повторно.

Тоа доведе до прашања дали тие се обиделе да го измамат системот и да влезат на патеката и покрај тоа што имале покачена телесна температура. Сепак од Мекларен појаснија дека видеото не ги покажува вистинските околности околу тоа што се случило и тимот истакна дека тие сериозно ги сфаќаат протоколите за Корона вирусот. Инцидентот се случил во Четвртокот.

Норис и неговиот тренер стоеле на сонце 10 минути разговарајќи пред да пристигнат на влезот и кога им била измерена температура, кај двајцата покажало 50 степени. Со нормална температура од 37 степени, а смртно ниво од околу 44, јасно било дека измерената температура не е точна. На крајот, температурата им била повторно измерена и се покажала како нормална.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Албон имаше претекнувања за во книга

Александер Албон стартуваше од 9то место, а трката ја заврши 4 позиции подобро. Британецот со тајландско потекло се изнапретекнува, кое од кое претекнување поубави за...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...