🎥 Саинз правел „крофни“ на три години

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шпанецот Карлос Саинз сподели видео клип на кој се гледа како тој вози мала количка и прави „крофни“ на возраст од три години. Видеото потекнува од доцните деведесети кога неговиот татко Карлос Саинз Сениор беше шампионски рели возач.

Тој се вратил еден ден и видел како неговиот син слави правејќи „крофни“. Младиот шпанец изјави дека никој не го учел да ги прави туку тоа му било природно.

Татко ми се врати од рели и ме виде што правам. Немав ни три години, а ТОј се чудеше кој ме научил да возам така бидејќи тој не го направил тоа.

Најинтересно во ова видео е што правам нешто без никој да ме учи. Јасно е дека има генетика во мене и тоа ми е во крвта. Од мал сакав да се тркам иако не бев свесен што прави татко ми и како заработува.

На две-три-годишна возраст не знаев дека татко ми е рели возач и дека прави „крофни“ низ светот.  Го имам тоа во мене откако сум роден. На три-четири години влегов во картинг и бев супер брз. ТОа е начинот на кој учев – објасни карлос.

НАЈНОВО

Зек Браун: Ред Бул беше тешка средина за Саинз

Првиот човек на Мекларен, Зек Браун, смета дека Ред Бул била тешка средина која не му одговарала на Карлос Саинз. 25-годишниот шпанец влезе во спортот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Се повеќе гласини дека новиот Ферари “не чини“

Откако инсајдерот и добар познавач на приликите во Маранело, Лео Турини, напиша дека податоците од аеродинамиката на новиот болид на Ферари се лоши, а...