- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

🎥 ТЦР Европа: Давидовски “лета“ на предсезонскиот тест во Шпанија

ТЦР Европа првенството полека се ближи до првата трка од сезоната во 2020 година во Франција на патеката Пол Рикар, закажана за 23ти Август.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во меѓувреме, поради кризата со Корона вирусот првичниот календар беше откажан, а во исто време возачите кои учествуваат во првенството, меѓу кои е и нашиот претставник Виксто Давидовски и тимот на ПСС Рејсинг, ги покажаа своите способности во виртуелно првенство, во кое Давидовски имаше одличен успех и победа на последното издание во Золдер, Белгија.

Но сега е време за враќање кон вистинското тркање и моментално Давидовски и неговата екипа се наоѓаат во Шпанија, за предсезонски тестови на патеката Јарама. Иако е краток видео запис споделен од тимот на нивниот Инстаграм профил, сепак може да се забележи дека и покрај паузата, брзината е сеуште мошне присутна кај Виктор и неговата Хонда.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...