0 ден

Нема продукти во Кошничката.

🎥 Ф1 возачите започнаа кампања за вакцинација

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сите Формула 1 возачи се собраа заедно и започнаа кампања со која бараат од јавноста да се вакцинира против Ковид-19.

Формула 1 извонредно се справи со организацијата на трките во екот на пандемијата и спортот сега се соочува со нов предизвик поради појавувањето на новиот сој Омикрон. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во кратко видео кое се пушти денеска, Формула 1 возачите зборувајќи на својот мајчин јазик побараа од јавноста да се вакцинира. 

Зборувајќи за видеото, извршниот директор на Ф1 Стефано Доменикали изјави. 

Вакцините и бустер дозите се тука да се справат со пандемијата и мора да сме безбедни и да одиме напред. Јас сум целосно вакцинира и ја примив бустер дозата. Формула 1 оди напред и треба сите да си ја завршат својата улога. 

Ф1 кампањата е прва која некој спорт ја направил и треба да им помогне на владите да го надминат скептицизмот против вакцините. 

Британскиот министер за здравје Саџид Џавид ја поздрави иницијативата. 

Бустерот останува најдобра одбрана против новата варијанта и вирусот и ние ја зголемуваме програмата за повеќе вакцини. Фантастично е што Ф1 возачите ќе помогнат во ова и ќе ги охрабрат другите да ја примат својата вакцина. Повеќе од 21 милион луѓе ја примија бустер дозата и ги советувам и преостанатите да го направат тоа. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Ни треба максимум од Баку

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим мора да ја максимизира секоја можност на Големата...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Директорите за трка позитивни на Ковид

Трката во Мајами има нов проблем откако двајцата директори за трка, Фреитас и Витич, се позитивни на...

Трката во Абу Даби номинирана за БАФТА

Последната трка од минатогодишната сезона возена во Абу Даби и борбата помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен...