- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

🎥 Џовинаци предупреден откако се изврте на тренингот

Возачот на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци, доби предупредување од стјуардите на Британското Гранд При откако делови од неговиот болид се разлетаа по патеката по извртувањето на летечкиот дел од автодромот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Италијанецот предизвика црвено знаме и прекин на сесијата, но додека се враќаше кон гаражата, делови од неговата Алфа Ромео направија проблем на асфалтот.

Извртувањето се случи по половина час од Т1 сесијата на 13та кривина, излезот од Бекетс откако тој ги оштети гумите и подот од својот болид. Сепак, продолжи кон гаражата откако болидот не изгасна, но губеше деови од аеродинамиката како што се движеше.

Согласно ФИА спортските правиал тој бееш пријавен кај стјуардите затоа што не смеел да вози толку бавно затоа што со такво возење претставува опасност за останатите присутни на патеката. По спроведената истрага тој мина само со предупредување и стана првиот возач со казна од ваков вид сезонава.

кога возачот ја напушти позицијата на која застана на 13та кривина неговиот болидт остави многу остатоци поради оштетените гуми.

стјуардите сметаат дека возачот реагирал на потенцијално опасен начин кон другите возачи кога продолжил да се движи без да внимава кон боксот, а остатоци од болидот летаа насекаде што предизвика 12-минутно запирање на сесијата.

при казнувањето стјуардите направија споредба со слични инцденти на тренинзи последните неколку години и одбраа да дадат само рпедупредување кое им е оставено како мерка согласно новиот спортски кодекс – гласи официјалното соопштение.

Џовинаци ја заврши сесијата на 18то место со само Николас Латифи од Вилијамс зад себе и секако Фетел од Ферари кој имаше проблем и не постави време.

 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Албон имаше претекнувања за во книга

Александер Албон стартуваше од 9то место, а трката ја заврши 4 позиции подобро. Британецот со тајландско потекло се изнапретекнува, кое од кое претекнување поубави за...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...