- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

🎥 Le Grand Rendez-Vous

Кусиот филм се снимаше викендот на 23 и 24 Мај кога требаше да се одржи 79то издание на Големата награда на Монако, трка која беше откажана. Режисер на филмот е славниот французин Клод Лелуш, додека возачот на Скудерија Ферари, Шарл Леклер е во главна улога со Ферари СФ90 Страдале низ улиците на Кнежевството.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Страста на Лелуш за брзината е очигледна, а неговиот Маж и жена доби Гранд При на Канскиот фестивал во 1966 година и два оскари со приказна за еден тркачки возач. При снимањето на новиот филм, тој уживаше во друштво на еден од најголемите таленти во моторспортот и Ферари со 1.000 коњски сили.

Филмот е снимен од страна на екипа од 17 луѓе со шест Ајфон 11 Про телефони, девет Гоу Про камер и една Сони Венис камера. Освен двата Ферари СФ90 автомобили кои се користеа за снимање, од Маранело дошла и екипа од шест инженери и механичари кои воделе грижа за автомобилите.

Во Сабота на 23 Мај се правеа неколку проби, но главното снимање беше утрото на 24 Мај во Недела од 6.30 часот наутро до 10 часот. Секако дека и неговото височество Принцот Алберт беше присутен.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Строл: “Овалот“ во Бахреин може да доведе до возбудлив грид

Ленс Строл од Рејсинг Поинт верува дека брзата надворешна патека во Бахреин би можела да доведе до интересен распоред во квалификациите, како...

РЕЗУЛТАТИ

Турција: Хамилтон докторски до 7та шампионска титула

Луис Хамилтон, сосема, сосема неочекувано, победи на Турското Гранд При крај Истанбул и на докторски начин стигна до својата 7ма шампионска титула во Формула...

популарно

Ферари со иновативен мотор за 2021 под име “суперфаст“

Во шест месеци минатата година Скудерија Ферари стана од екипа со најсилен мотор во екипа со најслаб мотор на гридот, а причината за тоа...