- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

? Во Виетнам се поставува последниот слој асфалт

Градската патека во Ханои го добива последниот слој асфалт неделава, а градежните работи се ближат до самиот крај во пресрет на дебито на трката следната година. Работите се одвиваат целосно во согласност со планот, а патеката ќе биде комплетно подготвена за трката на почетокот на Април.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во Понеделник градежните компании го поставуваа последниот слој асфалт на патеката, многу комплексна операција затоа што материјалот кој се користи мора да биде од прва класа согласно стандардите на ФИА. Асфалтот бил темелно проверуван од лабораторија во Сингапур, а операцијата почнала откако биле добиени повратните резултати од лабораторијата.

Планот е секој ден да се поставува барем еден километар од свежиот асфалт, така што до Петок целата патека би се завршила.

Според организаторите, материјалот за производство на асфалтот е локален, а бил одбран откако инженери посетиле неколку рудници низ земјата за да најдат најдобар можен производ за задачата.

Критериумите на ФИА се многу строги, во спротивно би се одделувале мали камчиња од истиот што може да биде страшно хаотично ако се земе во предвид дека се вози со над 300 километри на час.

Патеката користи дел од постоечки улици во Ханои, а компанијата на Тилке се верува дека добила целосно одврзани раце за последниот сектор каде немало предвидено никаква постојна инфраструктура и се требало да биде изградено “од нула“.

“врзани“ сме за улиците во ханои кои се всушност правците на патеката, но преку симулациите видовме како да создадеме најдобра можна патека не само од возачка гледна точка, туку и од аспект на што повеќе претекнувања.

нашите симулации покажаа дека патеката во ханои ќе понуди одлично тркање и многу претекнување. ќе бде тешко да се има совршено време затоа што ќе биде лесно да се погреши, така што предизвикот за возачите ќе биде голем – откри карстен тилке., оперативниот шеф на компанијата на тилке.

Планот е целосно завршувње на патеката на крајот на Јануари, повеќе од два месеци пред првата трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...