0 ден

Нема продукти во Кошничката.

📷 Промените на Спа се во полн ек

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Одговорните лиц во белгиска Спа објавија нови слики за промените и работите кои во моментов се одвиваат на патеката.

Како дел од проемните со цел да се подобри безбедноста и да се хомологира патеката за моторциклистички трки, промените се во тек. Работите почнале на 15 Ноември, а проценети се на околу 80 милиони евра и треба да обезбедат долгорочен престој на врвните моторпорт тркачки категории, вклучително и Формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Дел од асфалтните области за излетување се зголемени, додека други с заменети со песок. Освен безбедносни подобрувања, во Спа се градат и нови трибини што значи уривање на некои значајни историски градби крај патеката.

Делот помеѓу Ла Сурс (првата кривина – шнола) и О’Руж е речиси непрепознатлив во моментот, а надворешниот дел на шнолата, наместо претерано асфалт, има песок за да се казнуваат грешките.

Спротивно на старите гаражи има нови трибини на место на старите кои ќе бидат најдобро место за следење на О’Руж. На тие трибини ќе има и ВИП делови.

 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Ни треба максимум од Баку

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим мора да ја максимизира секоја можност на Големата...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Верстапен: Ги сакам Монако и Спа засекогаш на календарот

Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Верстапен, сака легендарните трки засекогаш да останат на календарот.  Се повеќе се зборува...

Историските Ф1 патеки се понесигурни

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, откри дека некои од најисториските и најсаканите Формула 1 автодроми...

Песокот се враќа на Спа

Организаторите на трката за Големата награда на Белгија ги покажаа промените на патеката кои ги подготвуваат за...