Абитебул демантира влез на Хјундаи во Ф1: Приоритет ни е ВРЦ

Новиот шеф на Хјундаи моторспорт, французинот Сирил Абитебул, ги демантира шпекулациите дека јужнокорејскиот производител цели на влез во Формула 1 и посочува дека приоритет им е Светскиот Рели шампионат.

По долгогодишен престој во Формула 1 како шеф на Катерхам и на Рено, тој направи трансфер во Хјундаи на крајот на минатата година во екот на шпекулациите дека “бркаат“ влез во Гранд При тркањето. Со оглед на новите правила кои стапуваат на сила од 2026 година, а се однесуваат на моторите, многу производители беа заинтересирани да станат дел од тркачката серија.

Абитебул посочи дека целта на Хјундаи е поголем дел од пазарот за продажба на автомобили, а други тркачки серии се подобри за остварување на истата одошто Формула 1.

немаме план за влез во формула 1. јасно е дека хјундари е компанија со фантастичен глобален развој, одлични проекти и гама на автомобили, така што моторспортот е одлична поддршка на бизнисот.

треба да разберам заедно со остатокот на компанијата, што му е потребно на бизнисот и како да го поддржиме колку што може повеќе. релито е најдобро решение за поддршка на сегментот мали автомобили, сегментот а. исто така треба да видиме на каде ќе се движи тој сегмент и да се осигураме дека ќе останеме релевантни преку релито. мораме да победие во интерес на компанијата – вели французинот.

Запрашан да ја објасни шпекулацијата за поврвуањето на брендот со Формула 1, тој дополни:

би било погрешно целосно да се тргне ф1 од планот, но прерано е да размислуваме за такво нешто. не сакам да кажам да затоа што потоа ќе треба да објаснам како хјундаи ќе влезе во спортот.

треба да се осигураме дека на каде и да ги насочиме моторспорт активностите, мора да се во служба на бизнисот затоа што тоа е наш приоритет. ако сакаме да се тркаме на друго место, темелно ќе анализираме, но во моментов немаме намера за тоа.

Во моментов јужнокорејците го имаат својот втор престој во ВРЦ откако се вратија на натпреварувањето во 2014 година. Компанијата, исто така, преку ТЦР правилата, редовно е присутна и во тјуринг трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ