Абитебул: За нас 2021 година е приоритет

Шефот на Рено, французинот Сирил Абитебул, најави дека 2020 година ќе биде тешка и критична за фабричкиот Формула 1 тим откако годинава не ја остварија целта, а тоа беше да стигнат поблиску до врвните три екипи откако лани го обезбедија пласманот најдобри од останатите.

ако сакате да победувате во формула 1 тогаш мора да ги имате најдобрите возачи, најдобрата шасија и најсилниот мотор. ние имаме врвни возачи, а даниел рикардо го мина периодот на адаптација и прилагодување на болидот така што тие не се проблем. моторот исто така повеќе не е проблем, така што мораме засилено да работиме на шасијата – појасни сирил за бразилски Globo.

Ник Честер, одговорниот инженер за шасијата го напушти тимот во пресрет на промените кои Рено ги прави во тој сегмент како подогтовка за новите правила во 2021 година.

следната година ќе биде критична за нас. свесни сме за новите технички правила и поради тоа почнуваме уште сега со развојот. треба да балансираме помеѓу тековната работа и онаа за 2021 година која за нас е приоритет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ