Абитебул: Напредокот и заминувањето на Рикардо ме фрустрираа

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, вели дека напредокот на тимот годинава во Формула 1 е причината поради која тој бил толку фрустриран што Даниел Рикардо си заминува во Мекларен.

Како дел од трансферите започнати со Ферари и Фетел, Рикардо беше превземен од Мекларен како замена за Карлос Саинз. Тоа доведе до фрустрации кај Абитебул за одлуката на Рикардо. Веста за заминувањето на Рикардо, Абитебул ја потврди со следниот коментар:

вЗаемна доверба, обединетост и посветеност се повеќе од се, критични вредности за фабричка екипа.

Иако Рикардо и Рено се смирени и целат кон подиуми, Абитебул вели дека тој се чувствувал така бидејќи знаел дека работите ќе се движат напред во 2020 година, но немал начин да го докаже тоа во моментот.

Мислам дека сите ја почувствуваа фрустрацијата кога беше најавено неговото заминување. Да бидеме искрени, напредокот почна да се појавува, тимот направи чекор напред, а болидот ќе биде се подобар. Плус, имавме и повеќе планирано, работи кои тој не ги проба.

Ги познавам бројките, но проблемот е што тоа се само бројки, а знам дека на него му биле ветени многу работите во минатото, не само од нас, туку и од претходниот негов тим.

Даниел е многу емотивен, но тој очигледно направил голем чекор напред. Има многу самодоверба во тимот и болидот, а односот помеѓу него и инженерот е многу, многу силен. Го забележуваме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ