Абитебул смета дека моторите на Ферари и Рено се еднакви

Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул, објави храбра изјава дека моторот на францускиот производител е еднаков по моќ со оној од Маранело произведен од Ферари.

Сезонава не беше успешна од Ред Бул затоа што нивна цел беше да го задржат статусот најдобри од останатите и да се доближат до врвните три екипи, но наместо тоа завршија на 5то место, зад своите муштерии од Мекларен. Но, и покрај тоа Сирил смета дека неговите вработени од Вири каде Рено ги произведува моторите имаат врвен производ.

согласно нашите мерења, ферари и ние во моментов имаме иста моќ од моторот во текот на трка, а потоа доаѓаат хонда и потоа мерцедес – храбро изјави абитебул за германски Auto, Motor und Sport.

Секако дека рангирањето на шампионскиот мотор на Мерцедес како најслаб на гридот од сите 4 производители ќе наиде на многу скептицизам, а Енди Кауел, одговорниот за мотори во Бриксворт има сосема спротивно гледиште.

разликата помеѓу хонда и рено се минимални и само ферари во моментов се издвојува. моќта од моторот навистина тешко се мери. на трка болид може да има голема корист од некакво повлекување, од дрс или од некој мод што се користи или се менаџираат гуми – смета кауел.

Како и да се смета, австрискиот шеф на Мерцедес, Тото Волф останува на своето тврдење дека со непроменливост на правилата ќе се добие конвергенција односно доближување на перформансите помеѓу екипите.

на долг рок трендот е перформансите на моторите да се стабилизираат и изедначуваат.  сме виделе силни трки од ферари, напредок од рено и моќ од хонда, а со тек на време разликите ќе бидат се помали.

како и секоја созреана индустрија, придобивките ќе стануваат се помали и немам сомнеж дека во формула 1 тоа многу скоро ќе се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ