Абитебул: Треба да се научиме и да губиме

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, изјави дека тој и тимот треба да научат да губат по тешката 2019 година која ја проживејаа.

Во 2018 година француската фабричка екипа беше најдобра од останатите обезбедувајќи си го 4то место во конструкторскиот поредок, а се надеваа дека лани ќе финишираат на истата позиција и ќе се доближат до водечката тројка. Но, планот не им се оствари, а Мекларен, кои ги користат нивните мотори, беа најдобри од останатите.

формула 1 е тежок спорт каде не може да се скриете. ние раснеме, но како и сите останати, мораме да го подобруваме нашиот пакет.

јас не сум само французин, по малку сум и латино затоа што сум од југот на франција и поради тоа сум многу емотивен и многу сериозен.

сакам да се тркам, но се мачам со фактот што губиме секој викенд, а тоа е така веќе подолго време. иако напредуваме, сепак губиме.

за мене е предизвик затоа што треба да се научам да губам, но не сакам да заборавам и да победувам, да го задржам апетитот за победа кој сеуште го имам во мене – појасни абитебул.

Сирил е решен да продолжи да притиска за да се осварат целите и вели дека нема да престане да работи се додека не се вратат на врвот.

и кога ќе победуваме ќе притискам, тоа е предизвик кој не запира. секоја година која ќе мине стануваме се посилни, дури и оваа бевме посилни, иако завршивме на полошо место од лани, но немам сомнеж дека е така.

секоја година напредокот не носи поблиску до крајната цел, а тоа е победа која е цел на сите. тоа што не занеме кога ќ се случи е друга работа.

можам да ви кажам дека во моментов не сум блиску до повлекување и нема да биде така се додека знам дека имаме шанса д стигнеме до целта и убеден сум дека еден ден екипата ќе победува. сме победувале проано, ќе победуваме и во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ