Абу Даби: Макс, шампионе, честито !

Макс Верстапен е 34от Формула 1 првак во историјата на спортот, честито Макс, сосема заслужено.

Ја загуби позицијата на стартот, ФИА повторно се вмеша и не го казни Хамилтон за очигледно напуштање на патеката и стекунвање предност од тоа, но кармата ги стигна Мерцедес и со повлекувањето на безбедносното возило на круг пред крај, загубии победа, загуби титула, загуби сезона, загуби се за што се тркаше годинава …

Стартот беше интересен, Луис Хамилтон имаше многу подобра реакција од Макс Верстапен и му ја превзеде позицијата, но Верстапне се врати и напдна на 5та кривина помогнат од своите меки гуми кои беа побрзи и позагреани во тоа време. Макс виде празно место во внатрешниот дел од кривината и во стилот на Сена, отиде да го искористи, Луис се обиде да затвори, но беше предоцна и дојде многу блиску до Ред Бул. Сакајќи да избегне контакт се реши да мине несоодветно надвор од патеката, да ја пресече истата и да излезе далеку пред холанѓанецот. Сите очекуваа Хамилтон да ја врати позитијата и предноста која ја стекнал, ФИА реши да не го истражува инцидентот поради тоа што немало ништо спорно, Ред Бул се бунеа, но возот си врвеше, Хамилтон си “газеше“.

На истиот старт, Чеко Перез го мина Ландо Норис, кој беше претекнат и од Карлос Саинз кој дојде на 4то место во ситуација во која Валтери Ботас назадуваше две позиции и се најде на 8мо место по крајот на првиот круг.

Ред Бул мораа да направат нешто затоа што загубија позиција, контролата на трка не им даде можност да ја вратат откако непрописно беа минати, така што уште во 14от круг решија да го повлечат Верстапен и стартните софт да ги променат со најтврдите хард, а Хамилтон не чекаше и го стори истото следниот круг. Верстапен загуби три позиции поради промената, Хамилтон само една, од Перез.

Во 16от круг нови хрд доби и Шарл Леклер од Ферари, четири кругови подоцна нови пневматици зеде и Саинз.

Во 18от круг, по еден круг непланирано задржување зад Ферари, Макс Верстапен го нападна и го мина Карлос Саинз и дојде на 9 секунди зад Хаилтон во ситуација во која трката ја поведе Чеко Перез.

Следуваше 20от круг кога Луис стигна веднаш зад Перез, а мексиканецот како вистински лав и сјаен тимски колега го заджи дури два кругови зад себе, борејќи се жестоко, машки, тркачки. Кога во 21от круг Мерцедес го мина Чеко, Верстапен веќе беше 1,5 секунди зад својот единствен конкурент за титула.

Откако совршено си ја заврши својата работа, го задржа долго Хамилтон и веднаш го пропушти Верстапен, Перез мирно влезе во гаража по нови гуми.

Кругот број 27 беше последниот за Кими Раиконен во Формула 1. Финецот излета и удри во оградата оштетувајќи го предното крило, а потоа влезе во боксот, но оштетувањето беше доста големо, така што тимот реши да го повлече.

Следниот круг се откажа и Џорџ Расел откако имаше проблеми со моторот и менувачот, така што во трка останаа 18 болиди.

Валтери Ботас возеше дури 31 круг со стартните медиум пред да ги промени, а четири кругови откако излезе на патекта го мина Ферарито на Леклер за 8мо место.

Антонио Џовинаци загуби моќ од моторот во 35от круг и се паркираше крај патеката предисвикувајќи виртуелно безбедносно возило и трка забавена за 40%. Тоа го искористи Леклер кој промени на медиум, но и двајцата воачи на Ред Бул кои влегоа и земаа нови тврди гуми за преостанатите кругови од вкупно 58 предвидени на трката. Виртуелното безбедносно возило одлично му дојде на Макс затоа што промената на гуми го чинеше 13-14 секунди, а си ја задржа позицијата на патеката.

Забавената трка ја искористија и Алонсо и Гасли кои за прв пат влегоа во гаража по нови гуми во тој 35ти круг од трката.

Виртуелното безбедносно возило беше на сила до 38от круг, а кога трката беше продолжена, Макс имаше 18 секунди негатива, но и 23 кругови понови гуми од својот директен конкурент.

Во 49от круг, откако долго време го задржа Валтери Ботас зад себе, Ландо Норис мораше во бокс по нови гуми откако имаше бавна пукнатина на предното чево тркало.

Кругот број 53 ја реши титулата. Николас Латифи со својот Вилијамс се бореше против Хаас и Мик Шумахер кога загуби конрола и удри силно во оградата на долгиот правец, така што логично беше да се појави безбендосното возило.

Експресно во бокс по свежи гуми влезе тандемот на Ред Бул, Верстапен и Перез влегоа во бокс по софт гуми, подготвени за напад доколку трката продолжи.

Настана огромна мешаница, Ред Бул контактираа со Мајкл Маси во врска со тоа зошто заостанатите болиди немаат прав да претекнат за да дојдат директно зад Хамилтон во ситуација кога имаа нови софт псоредено си истршените хард на Хамилтон. Мерцедес од друга страна бараа трката да се вози со безбедносно возило до крајот, така што Маси буквално збудале.

Но, на круг пред крајот, Мајкл Маси реши да ја продолжи трката, Хамилтон многу калкулираше со почетокот, беше нападнат при крајот на првиот сектор од Верстапен и машки минат. Се обиде да се врати, но логично дека немаше шанса за тоа поради предноста со гумите која ја имаше холанѓанецот. Победа и најбрз круг вредни титула за Макс, честитки уште еднаш.

Друштво на Макс и Луис на подоумот им правеше Карлос Саинз откако Ред Бул реши на два круга пред крајот да го повлече Серхио Перез од трката. АлфаТаури беа исто така фантастични со 4то и 5то место, додека Ботас на своето збогување со Мерцедес дојде до 6то месо. И покрај доцното менување гуми, Ландо Нроис стигна до 7мо место пред двата болиди на Алпин, а последниот поен му припадна на Шарл Леклер.

На крајот, Верстапен освои титула со 8 поени предност пред Хамилтон во ситуација во која Ботас финишираше на 3то место, а Чеко Перез заврши 4ти во поредокот. Во својата прва сезона со Ферари, Карлос Саинз беше најдобар од останатите на 5то место со само 4,5 поени предност пред Ландо Норис, додека Шарл Леклер беше 7ми со само поен зад Ландо. Рикардо заврши на 8мо место на крајот, одличниот Пјер Гасли 9ти, а искусниот Нандо Алонсо 10ти. Единствено возачите на Хаас не освоија поени.

Кај тимовите, Мерцедес конструкторски прваци 8ма година по ред, овој пат со 28 поени пред Ред Бул. Ферари на 3то место со 48,5 поени повеќе од Мекларен, а Алпин си го зачуваа своето 5то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ