Австралиските фанови кои излегоа на патеката пред доживотна забрана

Организаторите на Големата награда на Австралија ја идентификувале групата фанови која насилно влегла на патеката по крајот на трката на почетокот од овој месец, а луѓето може да добијат доживотна забрана за настанот.

По крајот на трката, претставник од организацијата на настанот на Алберт Парк беше пријавен кај стјуардите да одговара за фановите кои прерано се појавија на патеката и ги прекршија безбедносните протоколи.

Додека победникот Макс Верстапен и останатите минуваа преку финишот под безбедносно возило, голема група на гледачи успеала да најде дупка во оградата и крај маршалите да излезе на патеката додека трката сеуште се возела. Голема група гледачи минала непосредно до болидот на Хаас возен од Нико Хулкенберг кој застана на 2та кривина откако инженерите му јавија венаш по крајот на трката да застане.

Сето ова е јасно прекршување на Членот 12.2.1.х од меѓународниот спортски правилник, а ФИА веднаш побара од промотерот и организаторот да направат детале извештај како и план за избегнување на слични работи во иднина.

Организацијата веднаш се фатила за работа и биле идентификувани шест индивидуи чии слики биле пратени до државната полизија на Викторија за дополнителна истрага.

ќе ги анализираме нашите моќи и овластувања како и оние на полизијата на викторија како и овластувањата кои ни ги дава гранд при трката. штом се отворија вратите истото треба соодветно да се менаџира, но идентификувавме шест лица кои прерано влетале на патеката и сакаме да разговараме со нив.

нема да толерираме и прифатиме нешто такво, луѓето треба јасно да сфатат дека направија нешто претерано опасно. ќе се обидеме да ги разбереме нивните мотиви и дали нешто направиле со намера и се нашле воа таа позиција. не сакам ништо предвреме да заклучувам пред да добијам можност да разговарам со нив – објасни том мотрам, оперативниот шеф на организацијата.

Тој приззна дека динамиката на толпата за време на спортските настани и однесувањето на фановите се променило по пандемијата, така што мора да се разберат опасностите со прекршување на безнедносните протоколи.

она што сфаќаме е дека однесувањето на толпата по пандемијата и динамиката е целосно променета. нашите првични наоди велат дека публиката на моторспорт трките во минатото беше доста мирна, ако може така д асе каже.

но, сфаќаме дека окружувањето по пандемијата кое го имаме со помлади фанови кои доаѓаат на трките и не ги разбраат во целост безбедносните протоколи и опасностите во кои се ставаат со она што го прават.

сакаме културни посетители на нашите спортски настани кои доаѓаат поради тркањето, а не за друго, но знаеме дека секогаш е меч со две острици. мора добро да проучиме за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ