Австралиското Гранд При ќе се одржи … online!

Откако трката за Голема Награда на Австралија беше откажана поради алармантната ситуација со Корона вирусот, видно беше разочарувањето кај Формула 1 и моторспорт фановите, но сепак одлуката беше правилна.

Бидејќи беа откажани сите активности, еден од поранешните возачи во Формула 1, даде одлична идеја за неделното попладне. Жан Ерик Верн на својот твитер профил ги запраша своите колеги дали се заинтересирани за online трка во Австралија преку сервисот Veloce Esports.

Veloce Esports веднаш одговорија и потврдија дека трката ќе се одржи, а истата ќе се пренесува преку нивниот официјален канал на YouTube. Во натпреварот ќе се користи официјалната видео игра F1 2019 од Codemasters. Досега се потврдени Жан Ерик Верн, Стофел Вандорн, Ландо Норис а се очекува потврда и од Макс Верстапен. Возбуда сигурно ќе има, некои од врвните моторспорт тркачи против најдобрите гејмери. Официјалната листа ќе биде објавена наскоро.

Трката е закажана за Недела, 15 Март, со почеток во 18:45 по македонско време. За да ја следите во живо, се што треба да направите е да го посетите нивниот YouTube канал и да се регистрирате на следниот линк.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ