Сосема заслужено, Серхио Перез беше прогласен за Возач на денот од страна на Формула 1 фановите.
Мексиканецот тргн од боксот откако вчера не постави круг на квалификациите, а Ред Бул се решија за нова електроника и батерија во пресрет на трката за него.
Во 21от круг стигна до топ 10 пласман, се бореше во средината на трката, а по последните контроверзии и казната за Карлос Саинз, официјално се пласираше на 5то место.
Sergio Perez – 21.3%
Lewis Hamilton – 14.3%
Pierre Gasly – 10.3%
Lando Norris – 9.6%
Carlos Sainz – 9%