Австралија добива нов спонзор – Хајнекен

Овогодинешната трка за Големата награда на Австралија ќе има нов главен спонзор и тоа пиварскиог гигант Хајнекен кој ќе ја превземе улогата на долгогодишниот поддржувач на трката, реномираниот и престижен Ролекс. 

Мелбурн ќе биде домаќин на третата трка оваа сезона од 7 до 10 Април на променетата и реновирана Алберт Парк. Хајнекен го прошири спонзорството од Холандија, Мексико и Сао Паоло каде годинава беше главен на трките. 

Возбудени сме што Хајнекен ќе биде спонзор на трката во Австралија. Хајнекен е синоним за Формула 1 и соработката нуди нови можности за фановите.

Трката нуди уникатна можност за сите кои ќе дојдат да ги искусат. Шанса да се биде близу до најдобрите возачи, јавни личности и брендови – велат одговорните од австралиската гранд при корпорација.

Вилемијн Снееп кој е менаџер во Хајнекен додаде:

Имавме неколку предизвикувачки години за Австралија и сега се враќаме во Мелбурн и ветуваме извонреден викенд. Хајнекен Експириенс е се поголем настан и со нетрпение чекаме да им приредиме на фановите неверојатно искуство. 

Хајнекен е спонзор на Формула 1 уште од 2016 година каде се рекламира со одговорно користење на алкохол.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ