Австралија, квалификации: Нов пол за Верстапен

Макс Верстапен стигна до својата 22ра пол позиција во кариерата и во таа статистичка категорија се изедначи со Фернандо Алонсо.

Утрешната трка, актуелниот првак ќе тргне пред тандемот на Мерцедес, додека неговито најголем конкурент, барем во досегашниот дел од сезоната, Фернандо Алонсо, заврши 4ти на денешната сесија.

По нешто повеќе од 6 минути, Чеко Перез промаши точка на кочење и заврши заглавен во песочниот дел, развејувајќи најпрво жолто знаме, а потоа и носејќи прекин на сесијата со црвенот знаме. За мексикаенцот ова беше којзнае кое по ред излетување по очајниот утрински тренинг кога имаше многу проблеми. Болидот ба Ред Бул со кран беше отстранет крај патеката и тоазначеше крај за квалификациите на Чеко.

Првиот квалификациски сегмент му припадна на Макс Верстапен кој беше пред Џорџ Расел и Луис Хамилтон по првите 18 минути кои беа прекинати поради црвено знаме.

Домашниот возач, Оскар Пиастри, за само половина десетинка не успеада мине понатаму откако неговиот круг беше 46 стотинки побавен од оној на Јуки Тсунода и поради тоа ќе стартува од 16то место. Две стотинки побавно време од Пиастри имаше Гуанју Жу, а две стотинки зад кинезот беше Логан Сарџент од Вилијамс. Претпоследно време имаше Валтери Ботас, а Серхио Перез без поставено време ќе стартува од последното место.

Средниот квалификациски сегмент и повторно Верстапен најбрз, овој пат пред Фернандо Алонсо и двајцата возачи на Ферари.

Естебан Окон од Алпин за само 7 илјадити делови од секундата не мина во последниот дел од квалификациите и ќе стартува од 11то место, веднаш до Јуки Тсунода кој беше побрзиот АлфаТаури денеска, Ландо Норис беше 13ти, а Кевин МАгнусен 14ти во ситуација во која неговиот  колега имаше 5то време. Најбавен во средниот дел од квлификациите беше холандскиот деитант Ник де Врис.

По првата серија летечки кругови во последниот сегмент, Хамилтон најбрз со само 3 стотинки предност во однос на Фернандо Алонсо, следуваше Џорџ Расел, тандемот на Ферари, па Макс Верстапен со 6то време, но актуелниот првак направи нов обид и експресно го подобри својот круг и постави време за 9 илјадити делови од секундата побрзо од Хамилтон.

Макс Верстапен во својот последен обид се подобри за половина секунд,а следуваше подобар круг и од возачите на Астон Мартин и Мерцедес, единствено Ферари прерано возеа и загубија на крајот.

Така, МАкс две десетинки пред Расел, а речиси четири пред Хамилтон. Следуваше Алонсо, па Саина, а потоа Строл и Шарл Леклер. Алекс Албон со одлични квалификации на 8мо место, Пјер Гасли 9ти, а Нико Хулкенберг најабвен во К3.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ