Австралија: Нова победа за Макс во многу контроверзна трка

Макс Верстапен со нова победа број 37 во неговата Формула 1 кариера, додека триумфот е 95ти во историјата на Ред Бул.

Луис Хамилтон се зацврсти на првото место на листата освојувачи на подиуми со својот 192ри топ 3 финиш, додека Алонсо го освои својот 101ви подиум. Астон Мартин дојдоа до 4ти подиум и се изедначуваат со Рејсинг Поинт.

Во пресрет на трката, речиси сите се решија за прва серија со жолто маркираните средни гуми, освен возачите на Алпин и Алфа Ромео кои се решија за софт, додека најтврдата компонента на почеток ја одбраа Серхио Перез од Ред Бул, Логан Сарџент од Вилијамс и Ник де Врис од АлфаТаури.

Џорџ Расел имаше фантастичен старт и на првата кривина го превзеде првото место на Макс Верстапен, а неколку кривини подоцна, истото го стори и Луис Хамилтон, така што “сребрените стрели“ ги окупираа првите две позиции по првиот круг. Напаѓаше и Карлос Саинз откако го мина Фернандо Алонсо од позадина, но не можеа да најдат простор да го претекнат Верстапен.

Зад нив, Шарл Леклер имаше дуел со несмасниот Ленс Строл, дојде до контакт и излета крај патеката, заглавувајќи во песокот и носејќи безбедносно возило уште по крајот на првиот круг. Крајот на 3та обиколка беше моментот кога безбедносното возило се повлече и трката продолжи.

На комплексот од првите две кривини од 7от круг, Александер Албон направи грешка, излизга на средина од кривината и удри во оградата, носејќи втор пат безбедносно возило на трката. Тоа го искористија Расел и Саинз за да променаг гуми и да ја монтираат тврдата компонента, а водството го превзеде Хамилтон пред Верстапен. Расел се прклучи на патеката на 7мо место, Саинз четири позиции зад него. Круг подоцна, беше развиено и црвеното знаме поради потребата да се поправи оградата и да се исчисти патеката.

Трката беше прекината некои 15-тина минути, првата тројка промени на најтврдите гуми “бесплатно“, така што целиот грид беше на гард гуми освен Сарџент и де Врис кои се решија за медиум. Следуваше 3от старт на трката за 10 кругови, овој од гридот, од место.

Тројцата водечки си ги задржаа позициите по рестартот, додека Строл загуби доста позиции, Расел надомести две места, беше 7ми, стигна до 5та позиција, додека Саинз надомести едно место претекнувајќи го Оскар Пиастри.

Во 11от круг, Саинз го мина и вториот Мекларен возен од Ландо Норис и се позиционираше на 9то место.

Следниот круг имаше промена во водството, Верстапен лесно и без ДРС го мина Хамилтон за прво место во ситуација во која Алонсо на 3то место доста заостана.

Во 13та обиколка, Расел го мина Пјер Гасли од Алпин за 4то место, а во исто време Саинз ги претекна Тсунода за 8ма позиција, а круг подоцна и Нико Хулкенберг од Хаас. Во првиот сектор од 15от круг, Карлос Саинз лесно го мина Ленс Строл за 6то место и многу брзо се запели зад Пјер Гасли од Алпин.

Кругот број 18 беше последен што го комплетираше Џорџ Расел откако му откажа моторот, а задниот дел од болидот се запали додека тој возеше на 4то место. Младот британец се паркираше на излезот од боксот и донесе виртуелно безбедносно возило. Круг подоцна, заврши забавувањето на трката и вируелното безбедносно возило.

По 22 кругови мачење, Серхио Перез со доминантен болид конечно дојде до топ 10 претекнувајќи го Оскар Пиастри од Мекларен. Следниот круг на исто место го мина и Јуки Тсунода позиционирајќи се на 9то место.

Во 25от круг по неколку кругови следење и барање начин, Карлос Саинз го мина Алпин болидот на Пјер Гасли со еден агресивен потег, доаѓајќи на 4то место, 2 секунди зад Фернандо Алоно.

По мирниот период на менаџирање гуми од страна на сите на гридот, Чеко Перез го мина Ландо Норис во 43от круг и дојде до 7мо место, а следната обикола го претекна и Нико Хулкенебрг за позиција погоре.

Во 54от круг, по контакт со оградата буквално се откачи тркалото на  Кевин Магнусен од Хаас, а потоа се оштети и неговата суспензија. Поради остатоците на патеката, се појави безбедносното возило за последните кругови. Круг подоцна се развеа и црвеното знаме што значеше прекин на трката.

Трката продолжи по 20-тина минути во гаражата, време потребно да се отстранат сите остатоци од болидот на Магнусен по што следуваше стартот од гридот за два спринт кругови до целта од трката и комплетирање на предвидените 58 обиколки во Мелбурн Парк.

Верстапен си ја задржа позицијата, но Карлос Саинз беше претерано агресивен во дуелот со Фернандо Алонсо, дојде до контакт и Нандо се изврте во оградата, а потоа и неговиот колега заврши крај патеката. Дуел имаше и помеѓу двата болиди на Алпин кои исто така останаа неподвижни во ограда, болид на Хаас заврши заглавен крај патеката во песокот, а и Чеко Перез пресече по песочниот дел.

По овој хаос на рестартот, повторно експресно беше развеано црвеното знаме и се дискутираше за начинот на кој ќе се продолжи. По долго размислување, контролата на трка реши да се стартува по редот од претходниот круг, односно претходниот старт, така Макс повторно ќе се брани од Луис, а Алонсо од Саинз. Алпин искочија најголеми губитници поради тоа што нивните два болиди бсе оштетени и немаат можност да возат. Дополнително, контролата на трка реши дека поради страв од нови инцденти, ќе се комплетира само еден ревијален круг зад безбедносното возило.

Додека трката беше во прекин, Саинз доби 5 секунди казна за сударот со Фернандо Алонсо, а стјуардите најавија и истрага за сударот на Естебан Окон и Пјер Гасли.

Макс Верстапен со нова победа пред Луис Хамилтон од Мерцедес, а нов подиум и ново 3то место за Фернандо Алонсо. Четврто место за Карлос Саинз пред Ленс Строл кој е 5ти, а Серхио Перез зад него. Први поени за Ландо Норис, Нико Хулкенберг 7ми, Оскар Пиастри со прв топ 10 пласман во кариерата, а последниот поен за Гуанју Жу. По казната од 5 секунди, официјално Саинз е последен на 12то место.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ