Австрија: Верстапен ја прекина серијата на Мерцедес

Макс Верстапен ја прекина серијата од 7 победи по ред на Мерцедес и победи на Големата награда на Австрија, домашна за неговиот тим, Ред Бул откако на два круга пред крајот го мина Шарл Леклер кој водеше цела трка и му “ја украде“ победата. Најниското место на подиумот му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес, Луис беше 5ти, а Фетел пред него.

Стартот беше интересен, а Верстаен остана во место по гаснење на црвентие светла и по крајот на првиот круг беше на 7мо место, како најлош стартер, додека Себастијан Фетел почна од 9то место, но по крајот на првиот круг беше 6ти. Леклер ја задржа својата позиција, пред двата болиди на Мерцедес.

Фетел веднаш почна да напредува, во 4от круг го мина Норис за 5то место, а следниот круг го претекна и Раиконен за 4то место во трката.

Паралелно со него напредуваше и Макс Верстапен, откако во 7от круг го претекна Норис за 6то место, а по три кругови и Кими Раиконен за 6то место.

Кон 10от круг стјуардите му дадоа казна од минување низ бокс на Кевин Магнусен кој погрешно се наместил на своето стартно место. Данецот имаше 5то време на стартот, но поради нов менувач тргна од 10та позиција.

Кругот број 14 беше моментот кога Ландо Норис го мина Кими Раиконен за 6то место откако Мекларенот беше видливо побрз од болидот на Алфа Ромео.

Во 14от круг почнаа менувањата на гуми, а нив ги отвори Валтери Ботас кој заедно со Себастијан Фетел влезе во бокс по нова хард компонента, но распоредок помеѓу нив остана исти, финецот беше пред германецот. Сепак, механичарите на Ферари најпрво сакаа да направат “лажњак“ и да ги намамат Мерцедес во гаражата, но Фетел влезе во бокс, а еден механичар задоцни со носење на тркалото, по што германецот непотребно многу се задржа во гаражата.

Круг подоцна и Шарл Леклер промени гуми, беше први, а излезен на трето место.

Во тој период на чело на колоната беа Луис Хамилтон и Макс Верстапен, британецот влезе по нови гуми во 30от круг, но ја искористи и можноста да промени предно крило откако претходно се жалеше на потисната сила. Менувањето на Хамилтон траеше 11 секунди. По него промени и Верстапен исто така на белите хард гуми.

Макс Верстапен беше човекот на последниот дел од трката и во 50от круг го мина Себастијан Фетел за 3то место. Германецот веднаш потоа промени на свежи софт гуми. По 10-тина кругови “го исчисти“ и Валтери Ботас и дојде на втората позиција пуштајќи се во потера по Леклер.

Кругот 69 беше решавачки, Макс Верстапен го мина Шарл Леклер по неколку кругови напади. Сепак, претекнувањето беше со контакт, а Макс Верстапен треба да го објасни својот потег пред стјуардите откако претходниот круг во истата кривина се беше чисто, а кога претекна, одба да направи контакт и да го истурка Леклер од патеката.

Овој потег на Верстапен остана да се истражува од страна на стјуардите по крајот на трката.

Претпоследниот круг приапдна на Себатијан Фетел кој го мина Луис Хамилтон за 4то место откако Хаимлтон беше на стари хард, а Фетел на нови софт.

Верстапен победи пред Леклер и Ботас, следуваа Фетел и Хамилтон, а најдобар од останатите беше Ландо Норис. На 7мо место финишираше Пјер Гасли, Карлос Саинз дојде до 8мо место и 4 поени. Кими Раиконен беше 9ти и освои два поени, а прв поен сезонава освои Антонио Џовинаци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ