Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и навистина штета што немаше фанови да ја гледаат во живо.

Валтери Ботас победи со водство од старт до финиш, но останатото беше тешко замисливо. Луис Хамилтон финишираше втор, но имаше 5 секунди казна што го “падна“ на 4то место, а му донесе подиум на Шарл Леклер и на Ландо Норис. Трка со дури 9 откажувања и само Николас Латифи без поени, но да почнеме од почеток.

Првото европско отворање на сеоната по 1966 година кога премиерата беше во Монако имаше мирен старт без промена на позиции во првата десеторка по првиот круг.

Кругот број 3 почнаа возбудувањата кога Алекс Албон го мина Ландо Норис за 3то место, круг подоцна Луис Хамилтон исто така го претекна Ландо за 4то место, а во 9от круг и Албон за подиум позиција и само Верстапен и Ботас пред себе.

Во 11от круг беше првото откажување, максимално неочакуевано Макс Верстапен загуби моќ од својот мотор на Хонда кои најавуваа титула сезонава. Холанѓанецот се обиде со влез во гаража да спси нешто, но крајот на трката беше тој круг.

Само седум кругови подоцна Даниел Рикардо додека се бркаше со Себастијан етел и Ленс Строл за 9то место имаше проблеми со ладењето на својот Рено и мораше да се паркира крај патеката. Инцидентот беше проследен со напредик на Себ за една позиција преку претекнување на Строл кога дојде до 8мо место.

Во 21от круг по неколку кругови комуникација околу проблем со моторот со својата гаража од трката се откажа и Ленс Строл паркирајќи се директно во боксот.

Првото безбедносно возило дојде во кругот број 26 кога Кевин Магнусен имаше проблем со предните сопирачки, но успеа да го скроти болидот без да предизвика штета иако во борбата со Естебан Окон од Рено летна кон бариерите, но исконтролира да не се судри. Инцидентот донесе безбедносно возило во кое сите возачи од првата десеторка променија на хард освен Чеко Перез кој промени на медиум, коцкање што на крајот не му се исплатеше.

Безбедносното возило остана на патеката до 30от круг кога почна битката и кога Себастијан Фетел го нападна Карлос Саинз за 6то место, но многу аматерскиот, не успеа да закочи, удри во Мекалрен, се изврте, карактеристично за него и продолжи од последно место.

Во 33от круг Чеко Перез го нападна и го мина Ландо Норис за 4то место, а следните 10тина кругови имаше “целодневна“ комнуникација во Мерцедес околу некаков проблем со сензори на менувачот по што од гаражата ги советуваа Ботас и Хамилтон да не “јаваат“ тротоари.

Второто безбедносно возило го предизвика Џорџ Расел со своето откажување во 51от круг додека се возеше блиску до поени, но проблем и чад од моторот го примораа да застане и да се паркира крај патеката, а рестартот беше три кругови подоцна. За време од ова безбедносно возило, Ландо Норис и Шарл Леклер променија од хард на медиум, Саинз го стори тоа следниот круг, а Александер Албон ризикуваше најмногу и промени на софт.

Рестартот им носеше предност на оние со нови гуми, Албон веднаш нападна и го мина Чеко Перез, но на излезот од последната кривина излета гумата од тркалото на Кими Раиконен кој заврши во оградата на стартната рамнина и тоа беше крај за него. Безбедносното возило за инцидентот на финецот возеше 5 кругови, а 60от круг беше рестартот.

При рестартот беше видливо дека Албон е далеку побр од Хамилтон и вршеше притисок врз него неколку кривини и како а бараше освета за Бразил. На крајот на втората ДРС зона влезе многу побрзо од Луис во кривината, имаше видлива предност на средина од истата, но Луис некако го поткачи и го изврте, втор пат за три трки по Интерлагос лани. За овој несмасен потег и повторно уништена трка на Алекс, Луис ќари 5 секунди казна.

Оние кои променија гуми имаа вистинска војна за позиција, Шарл Леклер направи вистински избор и во 61от круг го мина Ландо Норис за 4то место, а три кругови подоцна го мина и Чеко Перез за подиум позиција и само Мерцедес пред себе, од кои еден возач со казна.

Чеко Перез имаше добра трка се до крајот откако во 68от круг доби 5 секунди казна аа пребрзо возење во боксот, а во последниот 71ви круг беше минат од Карлос Саинз за 5то место.

Норис во 69от круг го мина Чеко и извозе најбрз круг во последниот за да освои поен и а ја намали предноста во однос на Хамилтон на под 5 секунди носејќи си подиум.

Во 68от круг се откажа Алекс Албон како 8ми возач кој тоа го сторил, а во претпоследниот пукна гумата на Даниил Квјат за 9то откажување.

Валтери Ботас одлично ја отвори сезоната со победа, неочекувано второ место за Леклер и уште повеќе неочекувано трето место за Ландо Норис и Мекларен. Викенд полн со казни за Хамилтон му донесе 4то место пред Карлос Саинз кој комплетираше фантастичен ден за тимот од Вокинг.

Чеко Перез си ја уништи трката на крај и стигна само до 6то место пред Пјер Гасли на АлфаТаури кој извозе одлично, Естебан Окон донесе 8мо место во своето деби за Рено, Антонио Џовинаци со поени на отворањето на сезоната за Алфа Ромео и тоа што не е за фалење, поен за 10то место за Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ