ОФИЦИЈАЛНО: Австрија го продолжи договорот до 2027

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Од Формула 1 потврдија дека тркачката серијата ќе продолжи да гостува во Австрија до 2027 година, откако беше постигнат нов четиригодишен договор со промотерот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Австриското ГП се врати во Светскиот шампионат во Формула 1 во 2014 година, а одтогаш Ред Бул Ринг пречека милиони фанови, со 303,000 поддржувачи присутни на минатогодишниот распродаден настан. Последната трка, според сегашниот договор, треба да се вози од 30 Јуни до 2 Јули годинава, ќе ја прослави 10-годишнината од враќањето на Австриското ГП во календарот на Формула 1 и ќе има Ф1 спринт втора година по ред. Но, навивачите сега можат да очекуваат уште најмалку четири Гранд При трки на историската патек.

Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1, рече:

Австриското ГП го спојува совршениот микс на предизвикувачка патека, трки со голема брзина и прекрасно место за нашите фанови, па јас сум среќен што ќе се вратиме на Ред Бул Ринг најмалку до 2027 година според овој нов договор.

Додека ја славиме 10та година од нашето враќање во Спилберг, би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во ова обновување, особено на промотерот и Ред Бул и сакам да му оддадам почит на Дитрих Матешич за љубовта, страста и визијата што ги донесе во Формула 1 што обезбеди континуиран успех на настанот и огромен ентузијазам за нашиот спорт во Австрија и ширум светот.

Ерих Волф, генерален директор на Projekt Spielberg GmbH & Co KG, додаде:

Горди сме на специјалното партнерство што го имаме со Формула 1 и ние сме апсолутно среќни што ќе ја пречекаме врвната класа на моторспорт на Ред Бул Ринг за понатамошни четири години. Со потпишувањето на ова продолжување на договорот, Формула 1 се заложи за Австрија, Штаерска и регионот Муртал.

Додека влегуваме во десеттата година од нашето партнерство со Формула 1, сакаме да ја прославиме оваа пресвртница со сите големи фанови на спортот и да им се заблагодариме за нивната лојалност и огромната атмосфера што тие помагаат да се создаде. Сите се поканети да доживеат уште една одличен тркачки викенд во Спилберг во 2023 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ