Агаг: Имаме 50-50 шанси да се вратиме на тркање

Формула 1 и Формула Е имаат 50-50 шанси за да се вратат на тркањето оваа година, смета основачот и прв човек на електричната Формула, Е Алехандро Агаг. 

Трките во двата спорта во моментов се одложени или откажани поради пандемијата и тоа ќе биде така се до подобрување на ситуацијата. 

Формула Е сезоната започна во Ноември и се извозеа само пет трки додека Формула 1 првенството сеуште не ни започна. Двете серии се надеваат на старт во Јули, а Агаг верува дека вистинскиот почеток треба да е зад затворени врати. 

Ќе се обидеме да го направиме истото односно Да направиме трки без публика. Имаме 50-50 шанса. Исто е за формула 1 и за нас. 

Формула Е се наоѓа во подобра позиција поради логистичката предност и поголема флексибилност на календарот кој се протега до Септември. 

Ќе се обидеме да организираме две до три трки на затворени патеки во август, Но кој знае. 90% е дека истите ќе бидат во Европа.

Разгледуваме други опции, но ќе одлучиме подоцна. Дали ќе се отворат границите, Тоа не го знаеме сеуште. Има карантин од едно во друго место. Треба да видиме дали тоа е можно. 

Агаг објави дека е во разговори со патеки како Силверсон, Брендс Хеч и Донингтон Парк за можни трки таму. Сезоната треба да заврши во ЕxCel центарот во Лондон каде треба да се одржат две трки кои ќе бидат финале на сезоната, а во моментов таму е привремена болница за пациенти со корона вирус. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ