Агаг: Трки без публика се чекор напред

Основачот на електричната Формула Е тркачка серија, Алехандро Агаг, изјави дека трки без публика би ги охрабриле луѓето да останат дома и да се изборат со пандемијата на Ковид-19.

Многу држави се во карантин и сеуште нема јасни индикации кога мерките ќе бидат повлечени и работите ќе се вратат во нормала. Агаг верува дека трки без публика се важен чекор напред и ќе ги мотивира луѓето да останат дома.

Дури и без публика мислам дека луѓето ќе имаат забава дома. Доколку им дадеме фудбал или моторспорт, тие треба да имаат причина да останат дома. Ако не им дадете нешто или не ги забавувате тогаш желбата за нивно прекршување на карантинот е поголема – смета агаг.

Организаторите во Австрија и Британија најавуваат отворање на сезоната преку трки без публика, но холанѓаните се против тоа. Агаг смета дека тркање на празна патека е најдобро решение во моментов за да се гарантира безбедноста на фановите.

Мислам дека спорт без публика не е иднината што ја сакаме иако е тажно тоа, Но на краток рок мислам дека е единствено решение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ